Челниците на Динамо Загреб засега ќе го задржат тренерот, Ненад Бјелица, иако поради кризниот период предизвикан од пандемијата со корона-вирусот, неодамна ги отпуштија сите негови соработници од стручниот штаб. Имено, предвременото прекинување на соработката би значело дека Динамо ќе мора да му исплати на тренерот вкупна сума од 1,6 милиони евра бидејќи неговиот договор е активен до јули во 2021 година. Во период кога Хрватите бараат решение за економската криза предизвикана од пандемијата на корона-вирусот, таква голема отштета ќе биде голем удар за клубот.
Author: dino
Шпанските медиуми објавија дека фудбалерите на Барселона првично одбиле да им бидат намалени платите бидејќи стравувале дека токму дел од нивните пари ќе бидат искористени за купување на нови играчи во текот на летото. „ЕСПН“ пишува дека Каталонците сакаат да го вратат Бразилецот, Нејмар и дека сакаат да платат големи 100 милиони евра за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Клубот од „Камп Ноу“ сепак успеа да издејствува намалување на платата на фудбалерите со ветување дека се ќе се врати по старо кога ќе продолжи сезоната.
Ѕвездата на кошаркарскиот состав Јута Џез, Донован Мичел, сигурно нема да ја пропушти можноста да потпише „максимален“ договор со НБА тимот. Според одредени извори, Мичел сака да игра во екипата на Јута и затоа ќе ја продолжи соработката непосредно пред почетокот на наредната сезона. 23-годишниот поентер кој ја реалзира само третата сезона во НБА, неочекувано се претвори во главен играч во редовите на „џезерите“. Тој до прекинот на НБА поради корона-вирусот, има просек од 24,2 поени, 4,4 скокови и 4,2 асистенции на 63 одиграни натпревари. Мичел во моментов се опоравува од корона-вирусот кој го доби по контактите со соиграчот Руди…
Англискиот елитен фудбалски состав, Ватфорд, им понуди на властите во Велика Британија да го користат неговиот стадион и сите други придружни објекти во борбата против „COVID-19“. Поради епидемијата, фудбалските натпревари во Англија се стопирани а стадионите не се користат. „Треба да заборавиме на фудбалот и да се фокусираме во помагањето на Националниот здравствен систем а особено во градската болница во Ватфорд“ – се вели во официјалната веб-страница на тимот. „Фактот дека нашиот фудбалски клуб се наоѓа веднаш до болницата, нè става во одлична позиција да им помогнеме на здравствените работници и нивните семејства на најдобар можен начин“ – рече претседателот…
Роџер Федерер објави на „Инстаграм“ дека донирал еден милион франци за да им помогне на најсиромашните семејства во неговата Швајцарија додека трае борбата со корона-вирусот. „Мирка и јас решивме да донираме еден милион франци за најзагрозените семејства во Швајцарија. Нашиот придонес е само почеток“ – порача еден од најдобрите и најтрофејните тенисери на денешницата. „Никој не смее да остане сам, се надевам дека другите ќе се придружат во помошта кон семејствата на кои им е најпотребна. Заедно ќе ја надминеме кризата! – напиша Федерер.
Европската ракометна федерација денеска определи нови термини за мечевите во Лигата на шампионите под услов да се запре пандемијата на корона-вирусот. Тоа значи дека мечевите меѓу Вардар и унагрскиот Пик Сегед кои беа закажани за 22 март во Скопје и на 29 март во Сегедин, сега се поместени за 3 или 4 јуни додека реваншот во Унгарија би требало да се игра на 6 или 7 јуни. Вардар ако успее да ја добие битката со Пик Сегед, тогаш во четврт-финалето ќе игра на 24 или 25 јуни (прв меч) и на 27 или 28 јуни (реванш). Доколку пандемијата со корона-вирусот не дозволи…
Националната хокеарска лига на САД и Канада им препорача на играчите да го зголемат периодот на само-изолација до 10 април. Мерката сè уште не е официјална и треба да стапи на сила пред 27 март кога треба да истече првично објавениот рок за затворање на сите спортски објекти. Одлуката за прекин на регуларната сезона во НХЛ лигата беше донесена на 12 март поради пандемијата со –„КОВИД-19“. Во изминатите два дена, комесарот на НХЛ, Гери Бетман, оствари серија состаноци со лидерите на екипите за да разговара за опциите за излез од целата ситуацијата.
Францускиот клуб издвои 100.000 евра, кои се донирани во добротворен фонд за разни намени. Станува збор за набавка на медицинска и санитарна опрема за лекарите, обука на 2.000 волонтери; набавка на 5000 помагала за наставниците и за студентите кои не можат да посетуваат часови. Дел од парите ќе бидат наменети за финансирање на приватните засолништа кои им помагаат на околу 900 бездомници како и за помош на старите и осамените лица на кои им се доставуваат 10 илјади пакувања храна и производи за хигиена.
Напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани, најверојатно кариерата ќе ја продолжи во аргентинскиот состав Бока Јуниорс откако ќе се создадат услови да продолжи фудбалската сезона. Според весникот – „Овасион“ од Уругвај, голгетерот кој 13 години игра на Стариот континент сака да се врати во Јужна Америка и тоа на стадионот – „Бомбоњера“. Најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ кој има дадено 200 гола на 300 меча, во текот на летото ќе си замине како слободен играч откако ќе му заврши договорот. Според напишаното, корпулентниот фудбалер во неколку наврати изјавил дека сака да игра за Бока бидејќи му се допаѓа атмосферата што…
Тони Паркер една од легендите на светската кошарка вели дека поради пандемијата на корона-вирусот сезоната треба да се поништи во сите шампионати вклучувајќи ја и Евро-лигата. „Сите ќе имаат загуби, не само една лига или еден клуб. Комплетно сè се менува , целата динамика на спортот, европската кошарка, француската… сезоната нема да продолжи, ние странците ги ослободивме да си бидат со семејствата“ – вели Паркер. „Никој сега не размислува за кошарка. Јас знам дека се треба да се откаже па и Евро-лигата. Немаме друг избор “ вели првиот човек на францискиот состав Асвел.
