Легендарниот ракометен голман, Арпад Штербик, кој своевремено со нашиот Вардар ја освои Лигата на шампионите, потврди дека ќе се повлече од терените. Штербик соочен со целата ситуација поврзана со пандемијата на корона-вирусот, нагласи дека неговото тело не може да одговори на предзивиците и дека по паузата нема намера да се врати меѓу стативите. Штербик како на репрезентативно така и на клупско ниво се вбројува меѓу еден од најтрофејните голмани. „Донесов тешка одлука. Ми се чини дека мечот со Татабања беше последниот во мојата кариерата. Жал ми е што нема да играм барем уште еден фајнал-фор од Лигата на шампионите“ –…
Author: dino
ВТА ја разгледува опцијата за продолжување на тениската сезона која е во прекин заради пандемијата на корона-вирусот. Тенисот е стопиран во почетокот на март и натпреварите нема да се одиграат барем до 7 јуни иако тој период најверојатно ќе биде продолжен заради континуираното брзо ширење на опасната инфекција. Замрзнувањето на сезоната ги погоди тенисерите кои не се во можност да учествуваат на турнири и да ги обезбедуваат потребните средства за егзистенција. „ВТА работи да се зголеми можноста за дополнителни награди кога сезоната ќе продолжи. Се надеваме дека тоа ќе биде многу брзо кога здравјето и безбедноста на тенисерите, навивачите и…
Голем скандал поврзан со корупција во организацискиот комитет за Олимписките игри во Токио, се појави во јавноста и тоа по само една недела откако Игрите беа презакажани за наредната година. Имено, француските власти обвинија за мито од страна на јапонскиот бизнисмен, Харуки Такахаши, поранешен член на комисијата за номинирање на јапонскиот главен град а подоцна и член на организациониот комитет на самата Олимпијада. Другото име споменето во истрагата е Ламине Диак, поранешниот член на ИОК. Сенегалецот кој е воедно и поранешен шеф на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), беше уапсен во 2015 година поради корупција во неколку други големи спортски форуми,…
Екипата на Лос Анџелес Кингс склучи нов тригодишен договор со Тајлер Маден. Тој ќе стапи на сила кога играчот ќе се приклучи на Националната хокеарска лига на Соединетите држави и Канада (НХЛ). „Кралевите“ во февруари ги добија правата на напаѓачот на Ванкувер во замена за Тајлер Тофоли. Маден беше избран од Канаѓаните во третата рунда од НХЛ драфтот во 2018 година како најголема ѕвезда на универзитетот. 20-годишниот напаѓач во тековнава сезона која е во прекин поради панедмијата на корона-вирусот, има одиграно 27 натпревари со ефект од 19 голови и 18 асистенции. ЛА Кингс во договорот со Ванкувер покрај потписот на…
Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој до прекинот на сезоната постигна 5 голови на 16 одиграни мечеви во Серија „А“, остава простор дека може да го напушти тимот. Бидејќи за корпулентниот голгетер се заинтересирани екипите на Атлетико Мадрид и на Милан, тој не ја отфрла можноста да си замине. 26-годишниот фудбалер кој има договор до летото 2021 година и во моментов не може да преговара за нов поради актуелната состојба со корона-вирусот, не крие дека сака нов предизвик во кариерата. Токму неговите зборови може да ги натера сопствениците да го продадат. Милик кој во 2016 година го напушти Ајакс и…
Првите луѓе на најсилната светска кошаркарска лига размислуваат да ја намалат плеј-оф серијата на три меча доколку продолжи сезоната – 2019/20. Во моментов луѓето од НБА лигата ги разгледуваат сите опции а сопствениците на клубовите се надеваат дека истата ќе може да се заврши со мини плеј-оф со учество на 16 екипи. Мечевите би се одиграле пред празни трибини. Постои опција во плеј-офот да се игра само еден натпревар. НБА ја прекина сезоната поради пандемија на корона-вирусот со надеж дека во текот на летото ќе се создадат какви-такви услови за доигрување на шампионатот.
Меѓународната одбојкарска федерација откако ја одложи Лигата на нации поради пандемијата со корона-вирусот, објави, дека ги одложува и квалификациските турнири за наредната сезона. „Машките и женските турнири, кои требаше да се одржат во Гондомар (Португалија) и Задар (Хрватска) се одложени до новата одлука. Тоа се квалификациски турнири за сезоната 2021. Годинешното издание на Лигата претходно беше одложено“ – објави ФИВБ. Меѓународната федерација набрзо ќе треба да донесе нова одлука во врска со Лигата на нации. Веројатно ќе може да се искористат и летните термини бидејќи Олимпијадата во Токио е префрлена за наредната година.
Даниел Кормиер може да биде принуден да стави крај на професионалната ММА кариера, поради пандемијата на „COVID-19“. Вирусот го паузира светот и ги запре спортските настани на неодредено време. „UFC“ мораше да одложи три настани поради пандемијата. Иако другите големи спортски организации не им даваат многу надеж на фановите дека ќе организираат настани, Кормиер се уште се надева дека во текот на летото ќе има трет меч против Стипе Миочиќ. „Мислам дека во секој случај зборуваме за летото или неговиот крај. Мислам дека сè треба да се врати во нормала до крајот на летото. Тоа ќе влијае на можноста за…
Селекторот на Бразил, Тите, вели дека репрезентацијата може успешно да функционира и без напаѓачот Нејмар кој e во моментов најголемата бразилска фудбалска ѕвезда. Тоа се виде и на последното издание на Копа Америка на кое Бразилците триумфираа на домашен терен. „Нејмар носи непредвидливост на вашата игра. Со него нашиот лик е сосема поразличен. Секако, зборувам за Нејмар кој е максимално ментално и физички подготвен. Тој ние е многу значаен, но, не е незаменлив“ – нагласи селекторот на Бразил. Нејмар кој го носи дресот на францускиот ПСЖ, сега се наоѓа на третото место на вечната листа на стрлците во селекцијата на „кариоките“.…
Џек Грелиш ќе биде строго казнет од фудбалскиот клуб Астон Вила откако капитенот ги прекршил препораките да биде во изолација во домашни услови за време на пандемија на корона-вирусот, објави екипата од Бирмингем. Тој бил снимен во неделата на јавно место. „Прифатив. Не сакам луѓето да ги повторуваат моите грешки и ги охрабрувам сите да останат дома. Следете ги правилата и упатствата!“ – напиша фудбалерот на социјалните мрежи. „Ќе се изолирам во наредните недели и се надевам дека сите ќе го сторат тоа. Се надевам дека ќе го прифатите моето извинување за да можеме да го заборавиме инцидентот што побрзо“…
