Голем скандал поврзан со корупција во организацискиот комитет за Олимписките игри во Токио, се појави во јавноста и тоа по само една недела откако Игрите беа презакажани за наредната година.
Имено, француските власти обвинија за мито од страна на јапонскиот бизнисмен, Харуки Такахаши, поранешен член на комисијата за номинирање на јапонскиот главен град а подоцна и член на организациониот комитет на самата Олимпијада.
Другото име споменето во истрагата е Ламине Диак, поранешниот член на ИОК. Сенегалецот кој е воедно и поранешен шеф на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), беше уапсен во 2015 година поради корупција во неколку други големи спортски форуми, вклучително и Олимпијада во Рио 2016.