Меѓународната одбојкарска федерација откако ја одложи Лигата на нации поради пандемијата со корона-вирусот, објави, дека ги одложува и квалификациските турнири за наредната сезона.
„Машките и женските турнири, кои требаше да се одржат во Гондомар (Португалија) и Задар (Хрватска) се одложени до новата одлука. Тоа се квалификациски турнири за сезоната 2021. Годинешното издание на Лигата претходно беше одложено“ – објави ФИВБ.
Меѓународната федерација набрзо ќе треба да донесе нова одлука во врска со Лигата на нации. Веројатно ќе може да се искористат и летните термини бидејќи Олимпијадата во Токио е префрлена за наредната година.

