Author: dino

Фудбалерот на Арсенал, Александар Лаказет, го привлече вниманието на Атлетико Мадрид, пренесува – „Фудбал линк“. Шпанскиот состав планира да го засили нападот и на неговиот список фигурира името на францускиот интернационалец. Има најави дека Атлетико дури и стапил во контакт со „топчиите“ за да се распраша за цената на Лаказет. Се верува дека тренерот на англичаните, Микел Артета,  нема да биде пречка за евентуалниот трансфер бидејќи сака да собере пари и да направи  посериозна селекција во текот на летото. Тимот од Мадрид во Ла Лига има очајна реализација или само 31 постигнат гол на 27 одиграни мечеви.

Read More

Дефанзивецот на Јувентус, Матијас де Лихт сака да го напушти клубот и да се пресели во Реал Мадрид. Слични гласини кружеа и во шпанското издание на „АБЦ“ како и во уште неколку другите медиуми во земјата. Весникот пренесува дека Холанѓанецот му наложил на неговиот агент, Мино Рајола, да му најде нов тим и по можност тоа да биде екипата од „Сантијаго Бернабе“. Во исто време, Реал Мадрид дефинитивно треба да работи на засилување на одбраната бидејќи главниот стопер, Серхио Рамос, има 34 години и полека се ближи кон крајот на кариерата. Јувентус веројатно нема да сака лесно да се раздели…

Read More

Манчестер Сити е првиот фудбалски клуб кој официјално ги извести сите вработени дека никој нема да добие отказ и дека на никого нема да му биде намалена платата. – Остануваме посветени во заштита на нашите луѓе, нивните работни места и правиме напори да и помогнеме на пошироката заедница во тешкиов период“ – беше потенцирано од страна на премиер-лигашот. Што се однесува до платите на фудбалерите преговорите допрва ќе се реализираат иако сите се свесни дека нивните приходи се големи и дека сосема е реално да прифатат намалување на истите.

Read More

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, вели дека Серија „А“ мора да заврши без разлика на крајниот датум. „Работиме на серија хипотези за да ја изменаџираме најдобро ситуацијата наметната со пандемијата на корона-вирусот. Можно е да продолжи сезоната на 17-ти мај иако сите знаеме дека тоа не зависи од нас“ – нагласи Гравина. „Серија „А“ може да заврши и во септември или октомври, тоа останува како опција. Само така нема да ја компромитираме регуларноста на сезоната 2019/20“ – вели Гравина.

Read More

Фудбалот во Англија ќе се активира во почетокот на мај само доколку се овозможат услови и пандемијата на корона-вирусот се стави под контрола. Тоа било договорено на денешниот состанок на премиер-лигашите и сите релеванти фактори, објавија мдиумите во Англија. „Како што ќе се развива влијанието на пандемијата со КОВИД-19, така ќе се одредува евентуалниот датум за продолжување на сезоната. Премиер -лигата ќе соработува со сите засегнати страни за да се обезбеди  решение“ – се вели во дел од соопштението на Премиер-лигата.

Read More

Екипите во Серија „А“ засега се поделени во три групи кога станува збор за судбината на фудбалскиот шампионат кој е во прекин поради пандемијата на корона-вирусот. Шест клубови бараат да се прекине сезоната, тоа се: Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ и Бреша. Дел од нив се наоѓаат на дното на табелата и се надеваат дека може да се спасат од испаѓање. Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече, најавиле дека се подготвени да ги одиграат сите мечеви додека позицијата на: Интер, Аталанта, Милан, Болоња, Калјари и Фиорентина засега не е јасна. Денеска екипите од Калчото реализираа средба на…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Баерн (Минхен), Ханс Флик, ја прифатил понудата на Баварците и потпишал договор до 2023 година. Со тоа практично се затворија сите шпекулации дека Флик во текот на летото ќе си замине од Баварија. Тој во ноември во 2019 година по отказот на Нико Ковач беше назначен како времен вршител на должноста со идеја да го помине само зимскиот период. Сепак, откако Баерн направи серија на одлични резултати под негово водство, челниците на тимот се определија да му понудат перманетна соработка. Ќе потсетиме дека до прекинот на Бундес-лигата, екипата од „Алијанц Арена“ беше на челната позиција на…

Read More

Приватниот авион на фудбалската ѕвезда, Лионел Меси, морал да направи непланирано  слетување во Брисел. Според наводите на британскиот – „Сан“, авионот кој полетал кон Тенерифе по само 43 минути повторно се вратил во Брисел откако пилотите забележале дефект поради кој морале да следаат аеродромот -„Завентем“ во Белгија. Засега нема информации дали имало патници во авионот.

Read More

Ванда Нара која му е сопруга и воедно агент задолжен за трансфери на напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, најави дека искусниот фудбалер набрзо ќе ја промени средината. Икарди кој на „Паркот на принцовите“ настапува како позајмен играч од Интер, пред да биде прекината сезоната поради пандемијата на корона-вирусо, успеа да постигне 20 голови на 31 меч во сите конкуренции. Денеска „Газета Дело Спорт“ изнесе информација дека голгетерот со помош на неговата сопруга и агент, Ванда Нара, го информирал францускиот состав дека нема намера да остане во клубот.

Read More

Вчерашната одлука на фудбалската федерација на Белгија да го прогласи Бриж за првак и да стави крај на сезоната, предизвика реакција кај Европската федерација (УЕФА) која останува на ставот првенствата да се доиграат. „Уверени сме дека во наредните месеци ќе има услови да се доиграат првенствата. Поради тоа, одлуката на белгиската федерација е избрзана и пред сѐ – некоректна. Ќе направиме соодветна промена во календарот по што месеците јули и август би требало да бидат доволни за да се доиграат натпреварите“ – стои во соопштението на УЕФА испратено од седиштето во Нион. Во истото се нагалсува дека земјите што самоволно…

Read More