Боксерскиот шампион во тешка категорија во „WBO“, „IBF“, „IBO“ и „WBA“, Ентони Џошуа, откри дека поради корона-вирусот починале неколку негови познаници. Тој треба на 25 јули да ги брани титулите на меч со Кубрат Пулев, но, најверојатно најавениот спектакл ќе биде презакажан.
„Се насочувам кон луѓето кои ги допре корона-вирусот. Ви пожелувам брзо закрепнување бидејќи не е шега. Досега не сме во состојба да најдеме лек. На тие што страдаат од болеста или изгубиле роднини, сакам да им кажам: држете ја главата високо“ – рече Џошуа.
„Ги изгубив луѓето поврзани со мојата сала, близок пријател, пријателите на моите пријатели. Апелирам до младите како мене кои сакаат да излезат. Најмногу од сè би сакал да бидам подалеку од дома, да возам, да поминувам време со пријателите. Сепак дури и бунтовниците како мене ги следат препораките и ја прават вистинската работа“ – посочи боксерот.