Генералниот директор на Мото ГП, Кармело Еспелета, вели дека ќе биде значаен успех доколку се реализираат барем 10 трки од сезоната која е стопирана поради корона-вирусот.
„Ќе бидам исклучително среќен ако можеме да имаме најмалку 10 трки. Луѓето сега не се грижат за тоа, но, ако навистина се случи, тоа ќе биде добар знак дека работите се враќаат во нормала“ – вели Еспелета.
Сезоната досега е одложена во неколку наврати а според последната одлука, истата треба да стартува на 31 мај и тоа на патеката во Италија.