Бразилскиот фудбалер, Филипе Кутињо, кој се наоѓа на платниот список на Барселона а игра како позајмен во Баерн Минхен, најверојатно во наредната сезона ќе се врати на „Камп Ноу“, најави тренерот на шпанците, Кике Сетиен. „Филипе е фантастичен играч и за него треба да се плати сериозна сума. Не знам дали сака да си оди или да се врати, морам прво да разговарам со него“ – вели стратегот на Барселона. Во изминатиот период континуирано се појавуваа вести дека германскиот состав нема намера да му го откупи договорот на Кутињо.
Author: dino
Откако шпанската фудбалска федерација предложи првенството да биде прекинато а изгледот на табелата да биде конечен, челниците на Валенсија најавија дека ќе реагираат до УЕФА. Тимот од „Месталја“ заедно со колегите од Атлетико Мадрид, најавија дека не се задоволни со евентуална таква одлука бидејќи до прекинот на Примера ги немаат посакуваните места што водат во Европа. Доколку федерацијата остане на ставот да стави крај на првенството, тоа значи дека во ЛШ ќе играат: Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад додека Лигата на Европа би оделе: Гетафе, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) испратила писмо до сите членки дека првенствата треба да ги завршат до крајот на јули бидејќи за август се планирани завршните мечеви во евро-куповите. Тоа значи дека и ФФМ ќе мора да направи календар со кој ќе се доигра првенството под услов во тој период да бидат укинати превентивните владини мерки за заштита од корона-вирусот. Веста за писмото на УЕФА што ја објави –„Гардиан“ доаѓа пред видео-конференцијата на челниците на УЕФА закажан за в среда во Нион.
Европската ракометна федерација на 24 април ќе одличи дали ќе продолжи сезоната во куповите која беше прекината поради пандемијата со корона-вирусот. Вардарци кои останаа единствениот наш претставник во фазата на елиминации, во јуни според досегашната одлука ги чека пресметката со Пик Сегед. Денеска првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер, откри дека се прават планови како да биде завршена сезоната. „На 25 март го закажавме продолжението за 1 јуни, тогаш тоа изгледаше реално, но, сега се чини дека не е можно. По консултациите со клубовите, се согласивме дека не е пожелно играње пред празни трибини. Завршните турнири привлекуваат големо внимание кај…
Голманот на Вардар, Артурс Кугис, за официјалниот веб-портал на летонската ракоемтна федерација потврдил дека ќе ги напушти „црвено-црните“. Тој со семејството е во нашава земја и чека да види дали сезоната ќе продолжи. „Ги следиме препораките, седиме дома. Исто така нема информации и од клубот дали ќе има какви било промени, кратење на платите или нешто друго. Неколку играчи имаат добиено плата во март за првите два месеци од сезоната“ – вели Летонецот. „Можам да кажам дека сум во подобра позиција. Благодарение на агентот, добив плата за пола сезона, што е релативно добро“ – изјавил меѓу другото голманот на Вардар.…
Фудбалерите на Јувентус, Даниеле Ругани и Блејс Матуиди, кои беа позтивни на Ковид-19 успеале да ја надминат болеста, информираше денеска екипата од Торино. „Даниеле Ругани и Блејс Матуди, според протоколот беа подложени на двојно тестирање за Ковид-19. Тестовите покажаа негативни резултати. Фудбалерите се опоравија и не се во домашна изолација“ – стои во соопштението на „старата дама“. Ќе потсетиме дека Ругани беше првиот фудбалер од Серија „А“ што покажа позитивни резултати на корона-вирусот.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мануел Мата, кој цели 10 сезони е дел од Премиер-лигата, го издвои најдобриот играч со кого настапувал во најсилната конкуренција на Англија. „Искрено, ми беше задоволство кога играв со Азар. Според мене, тој долг период беше најдобриот играч во Премиер. Азар со неговите потези можеше буквално сам да ги реши мечевите“ – потенцира Шпанецот кој во минатото ги носеше дресовите на Реал Мадрид Кастијла и на Челзи. „Азар сега во Реал има лоша среќа со повредите, но, верувам дека ќе ги покаже вистинските квалитети кога ќе биде во посакуваната форма“ – нагласи Мата.
Гералд Хауг, првиот човек на германската академија на науки, има лоши прогнози околу враќањето на фудбалските активности. Тие се главно поврзани со амбиентот околу стадионите и трибините. „Сега можеме само да чекаме, но, треба да бидеме свесни дека ситуацијата со вирусот може да потрае уште 18 месеци. Не треба да биде изненадување доколку во тој период се играат мечеви без публика“ – вели Хауг. Челниците на Бундес лигата засега го ставија првенството во мирување. Тие се надеваат дека ќе се создадат какви-такви услови да се доигра сезоната.
Тренерот на фудбалерите на Челзи, Франк Лампард, нагласи дека нема намера да се откаже од неговиот стил на работа кој треба да го однесе тимот до самиот врв во Премиер лигата и да го вклучи во трката за титулата. „Пред нас има многу напорна работа ако сакаме да го имаме нивото на Ливерпул и Манчестер Сити. Тие секогаш можат да си дозволат да купат квалитетни играчи и да конкурираат за пехарот“ – вели стратегот на „сините“ кој континуирано ги форсира младите фудбалери. „Не треба да ги копираме големите тимови. Ние треба да изградиме наш стил, имаме искусни фудбалери кои им…
Голманот на фудбалскиот состав Шефилд Јунајтед, Дин Хендерсон, до прекинот на сезоната беше меѓу тројцата најдобри во Премиер лигата според остварениот ефект и процентот на одбранети шутеви кон неговиот гол. Хендерсон кој игра како позајмен во редовите на Шефилд, не крие дека сака да брани за Манчестер Јунајтед. Тоа го потврдува и неговиот менаџер, Крис Вилдер. „Сака да го носи дресот на Манчестер Јунајтед кој е клуб од свестка класа. Сепак треба да знае дека таму разочарувањата ќе бидат далеку поголеми и ќе мора да се носи со нив“-изјави Вилдер.
