Author: dino

Првите луѓе на Реал Мадрид планираат да го купат фудбалерот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, објавија во текот на денов медиумите во Шпанија. Италијанскиот тим за потписот на српскиот репрезентативец бара големи 100 милиони евра, но, „кралевите“ ќе се обидат да го добијат за околу 70-ет.  Наводно, луѓето од „Сантијаго Бернабе“ во континуитет имаат преговори со неговиот агент и веруваат дека ќе успеат да го ангажираат во текот на летото. Сергеј Милинковиќ-Савиќ до прекинот на фудбалската сезона беше меѓу најдобрите играчи во редовите на „лацијалите“.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Реал Мадрид ќе побараат дозвола од главните луѓе во шпанската федерација да ја доиграат сезоната на стадионот – „Алфредо ди Стефано“ кој има капацитет од само 6000 седишта. Откако Примера одлучи набрзо да продолжи сезоната без гледачи, „кралевите“ сакаат да го искористат тој термин и забрзано да го реновираат стадионот – „Сантијаго Бернабе“. Димензиите на теренот на  малиот стадион на Реал Мадрид одговараат на пропозициите за прволигашки фудбал.

Read More

Челниците на УЕФА по денешниот видео-состанок со 55 земји членки на асоцијацијата дадоа одредени насоки што треба да се направи за да се заврши сезоната како во домашните првенства така и во меѓународната конкуренција. „Беа презентирани неколку календари кои се однесуваат на клупските и репрезентативните активности а сите федерации ќе ги добијат предвидените средства преку „Хет-трик“ програмата. УЕФА ќе ги земе в предвид и лигите кои ќе бидат завршени пред време или поништени и ќе ги класифицира како „специјални случаи“. За  нивно учество во европските купови ќе мора да бидат исполнети неколку критериуми. Одлуките  ќе биде соопштени за време на Управниот…

Read More

Фудбалските клубови од Серија „А“ денеска на видео конференција одлучија сезоната да продолжи доколку тоа го дозволи Владата на Италија. „Собранието на Серија А со 20 гласа на клубовите ја потврди намерата за завршување на сезоната. Продолжението на спортските активности и таканаречената втора фаза ќе се одвива во согласност со насоките на ФИФА и УЕФА“ – се вели во соопштението на лигата. Поради пандемијата со корона-вирусот, фудбалот во Италија е ставен во мирување повеќе од еден месец.

Read More

Првите луѓе на македонскиот ракомет објавија дека нема да ја користат понудената државна помош за субвенционирање на плати за месеците април и мај и дека РФМ уплати донација на наменската сметка на Министерството за здравство за борба против Ковид-19. „Износот од 615.000 денари ќе биде уплатен од страна на Ракометната Федерација на Македонија на наменската сметка за справување со здравствената криза предизвикана од корона-вирусот“ – стои во соопштението на РФМ. „Раководството на Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) одлучи да не ја користи финансиската поддршка за 13 вработени во спортската администрација за месеците април и мај 2020 понудена во Уредбата на Владата …

Read More

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ, континуирано се поврзува со можен трансфер во екипата на  Јувентус. Познато е дека договорот на Хрватот истекува во 2021 година, но, според проценките на „Мундо Депортиво“, многу порано ќе си замине од „Камп Ноу“. Тоа ќе зависи од летниот преоден рок кој е под знак прашалник со оглед на пандемијата на корона-вирусот. „Ракитиќ знае дека не влегува во плановите на Барселона“ – пишува весникот со потсетување дека  Хрватот кој потпиша за Каталонците во 2014-та година сега не ја добива посакуваната минутажа.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, подготвил список на фудбалери кои во текот на летото ќе бидат ставени на трансфер-листата. Како што пренесува шпанскиот – „АС“, вкупно седум играчи се на излезната врата од –„Сантијаго Бернабе“. Не е тајна дека прв на списокот ќе биде Герет Бејл а покрај Велшанецот ќе фигурираат и Хамес Родригез, Лукас Васкез, Маријано Дијаз, Алваро Одриозола, Алфонс Ареола и Начо Фернандез. Шпанскиот елитен состав се надева дека со продажбата на споменатите фудбалери ќе инкасира повеќе од 100 милиони фунти и дека парите ќе искористи за ангажман на нови играчи.

Read More

Тројца фудбалери на Арсенал засега не дале согласност да им бидат намалени платите во наредните 12 месеци иако челниците на лондонскиот состав објавија дека имале успешни преговори со играчите и стручниот штаб. Според –„Дејл Мејл“, Месут Озил, кој има неделна плата од 350.000 фунти со што е најплатениот играч на Арсенал, заедно со уште двајца играчи ќе имаат индивидуални преговори со управата. Наводно, искусниот интернационалец сака клубот да му докаже дека е во финансиска загуба поради корона-вирусот па дури потоа да се согласи со најавеното намалување на платата.

Read More

Еден од челниците на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, се обиде да ја објасни ситуацијата со голманот, Мануел Нојер, откако во јавноста протекоа одредени детали околу начинот на кој се водат преговорите. „Сите знаеме што треба да се направи. Јас сум оптимист дека на крајот ќе најдеме решение и дека Мануел Нојер ќе потпише нов договор“ – вели функционерот на Баварците. „ Знaеме дека го имаме најдобриот голман на светот“ -истакна меѓу друготот Румениге за германските медиуми.

Read More

Гоце Седлоски кој имаше блескави моменти во фудбалската кариера додека настапуваше за Динамо Загреб од 1998 до 2005 година, ќе биде тренер на вториот тим на „модрите“. „Ми се исполни желбата, доаѓам да работам во Динамо. Знаете колку го сакам Загреб и колку ми е мило што се враќам“ – изјави Седлоски за медиумите во Хрватска. Некогашниот наш репрезентативец во неговата тренерска кариера седеше на клупата на Вардар, Турново, Рига и Широки Бријег.

Read More