Доколку стивне пандемијата со корона-вирусот, шампионатот во Формула 1 би можел да започне на 5 јули со трката за Големата награда на Австрија, најавија денеска дел од светските медиуми.
Според – „Би-Би-Си“, собирот ќе помине без присуство на гледачи а сите членови на екипите прво ќе бидат тестирани за Ковид-19.
Иако Формула 1 досега откажа девет сезонски трки, челниците на така наречениот – „циркус на тркала“, дефинитивно не ја губат надежта дека ќе може да организираат барем неколку. Дел од нив треба да се возат на иста патека.