Author: dino

Аргентинската кошаркарска легенда и поранешен играч на „Чикаго Булс“, „ТАУ Керамика“ и Реал Мадрид, Андрес Ночиони, го советува играчот на „кралевите“, Фаундо Кампацо, да ја продолжи кариера во НБА лигата. „Мислам дека Реал Мадрид треба да ги разгледа понудите на НБА тимовите. Мислам дека Кампацо треба да замине во НБА, тоа е реалноста. Не е лесно играчите сами да донесат одлуки“ – вели Ночиони. Доколку Кампацо се определи да замине во најсилната лига на светов, според клаузулата во неговиот договор, ќе мора да му плати на шпанскиот состав нешто повеќе од 4, 5 милиони долари. Остатокот од сумата до 5…

Read More

Раководството на фудбалскиот состав Евертон најави дека ќе им ги врати парите на сите што имаат сезонски билети за натпреварите до крајот на шампионатот доколку истите се одиграат зад затворени врати. Фудбалот во Велика Британија запре на 13 март поради пандемијата а до крајот на сезоната остануваат уште девет кола. Евертон најави дека ќе им ги врати парите за билетите на фановите доколку тие не се одлучат да ги користат како ваучери за наредниот шампионат или да ги донираат во добротворната фондација на клубот. Екипите од Премиер-лигата денеска повторно ќе се состанат за да разговараат околу процесот на тренирање и…

Read More

Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов и Кристијан Дисингер, ќе продолжат да го носат „црвено-црниот“ дрес откако се согласиле да бидат дел од новиот проект на актуелниот ракометен шампион на Европа. Капитенот Стоилов и крилото Дибиров се миленици на навивачите на Вардар а  новиот претседател, Михајловски успеал да ги убеди да останат. Што се однесува до Дисингер, тој пред извесен период истакна дека сака да остане во Скопје. Досега Вардарци ги напуштија: Сергеј Горбок, Жозе Толедо, Данил Шишкарев, Сташ Скубе и Даинис Криштопанс.

Read More

Челниците на италијанскиот состав Рома се заинтересирани за белгискиот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, пренесува – „Тутоспорт“. Договорот на 33-годишниот фудбалер со англискиот клуб истекува на крајот на сезоната по што тој ќе биде слободен агент. Римјаните во него видоа одлична опција за замена на  Крис Смолинг, кој беше времено ангажиран од Манчестер Јунајтед за тековната кампања. „Волчицата“ има опција да го купи Смолинг за 20 милиони евра во текот на летово, но, со оглед на кризата и намалените приходи поради пандемијата на корона-вирусот тоа нема да го искористи. Рома сака да  го земе Вертонген без пари.

Read More

Sвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е на чекор до враќање во Јувентус, објавија дел од медиумите во Италија. 27-годишниот фудбалер кој помина четири години кај „Старата дама“ кога на клупата седеше Антонио Конте, сега повторно преговара за трансфер во Торино. Според наводите, неговиот менаџер задолжен за трансфери, Мино Раиола, се обидува да ги убеди челниците на Манчестер Јунајтед да му дозволат на Погба да се врати во Италија и да го облече дресот на Јуве.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, проценува дека играчите нема да бидат подготвени за активностите на теренот до 17. јуни откако повеќе од 2 месеца се без мечеви и вистински тренинг процес. „Не може да бидете во карантин и потоа по само две недели да започнете да играте фудбал. Посебно кога станува збор за силна конкуренција како што е Премиер-лигата“ – потенцираше играчот на Сити. „Потребни се пет недели за да се вратиме на теренот подготвени. Сега со индивидуални тренинзи а потоа и со работа во мали групи, нема вистински ефект за фудбалерите“ –  потенцираше Стерлинг.

Read More

Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз, Нихат Оздемир, објави дека планира да дозволи публиката да се врати на стадионите во јули доколку има услови за тоа. Последниот натпревар од Супер-лигата се одигра на 17 март, по што сезоната беше прекината поради пандемијата на корона-вирусот. Кампањата ќе започне одново на 12 јуни зад затворени врати. „Нашата прва цел е да ја завршиме сезоната, бидејќи во спротивно може да има проблеми. Предвидуваме чести тестови на играчите за време на подготовките. Доколку има позитивни тестови, играчите ќе бидат во карантин а шампионатот ќе продолжи“ – вели Оздемир. „Ако работите одат добро, можно е да…

Read More

Фудбалскиот состав Интер објави дека сите тестови за „COVID-19“ на играчите и персоналот се негативни. Сите екипи се тестираат пред да стартуваат утре со групните тренинзи. Ако некој е заразен, истиот ќе биде изолиран. Тестовите кај „Нероаѕурите“ покажуваат дека тие в понеделник можат безбедно да започнат со тренинзи. Сезоната во Серија А е поставена да започне на 13 јуни иако нема договор околу лекарскиот протокол што треба да се следи посебно што треба да се преземе доколку се појави заразен фудбалер. Владата сака целиот тим да биде ставен во карантин а клубовите инсистираат само заразениот играч да биде изолиран.

Read More

Дефанзивецот на Шалке 04, Жан-Клер Тодибо се здоби со повреда на бутот на вчерашниот натпревар од 26-то коло на германското фудбалско првенство против Борусија Дортмунд одигран на „Сигнал Идуна Парк“. Сезоната во Бундес-лигата по пауза од нешто повеќе од два месеца поради пандемијата на корона-вирусот продолжи вчера зад затворени врати. 20-годишниот Французин, кој од јануари игра како позајмен во Гелзенкирхен од екипата на Барселона, беше примудно заменет на полувремето. Тој допрва ќе мора да ги помине медицинските прегледи за да се утврди степенот на повредата и периодот на опоравување. Тодибо на вчерашниот меч кон средината на првото полувреме упати вулгарности…

Read More

Легендата на Удинезе, Антонио Ди Натале, потврди дека во минатото одбил да замине во Јувентус и дека во тој период за неговите услуги биле заинтересирани и екипите на Рома и Ливерпул. „Сакав да останам во Удине бидејќи потпишав договор за 4 години. Станав најдобар стрелец во лигата и бев значаен во тимот, не сакав да променам ништо. Дали жалам за тоа? Не, никогаш. Не е во мојата природа да гледам назад. Задоволен сум од тоа што го постигнав“ – вели Ди Натале со напомена дека имало уште два тима кои конкурирале за неговиот потпис. „ Ливерпул ме сакаше по секоја…

Read More