Бостонскиот маратон кој се вбројува меѓу најголемите трки на глобално ниво е откажан, велат организаторите. Тоа се случува прв пат во 124-годишната историја на трката.
Бостонскиот маратон, кој секоја година собира околу 1 милион учесници, требаше да се одржи на 20 април, но, беше одложен за пет месеци, поради пандемијата „COVID-19“. Бидејќи во САД нема индикации дека стапката на ширење на болеста се забавува, организаторите донесоа радикална одлука да го откажат годинешниот собир.
Бостонскиот маратон во 2021 година треба да се одржи на 19 април.