Турскиот кошаркарски состав, Галатасарај, е последниот во низата кои се откажаа од Евро-купот и се преселија во ФИБА лигата на шампионите. Медиумите објавија дека за тој потег екипата добила финансиска компензација. Членот на извршиот одбор на Галатасарај, Омер Чансевер, изјавил дека турскиот клуб од ФИБА добил 350.000 евра за потпишан петгодишен договор.
Author: dino
Најдобриот напаѓач наТорино, Андреа Белоти, ќе се раздели со клубот бидејќи пет екипи се во жестока трка за неговиот попис. Според наведеното, Милан, Наполи, Фиорентина, Евертон и Атлетико Мадрид ќе се обидат да го купат одличниот фудбалер кој до прекинот на сезоната поради пандемијата со Ковид-19, во континуитет ги тресеше противничките мрежи. Белоти во договорот има откупна клаузула вредна 100 милиони евра, но, таа сума се однесува само за клубови надвор од „Чизмата“. Наводно, популарните „бикови“ се подготвени да го продадат италијанскиот репрезентативец за многу помала сума. Белоти кој има договор со Торино до 2022 година, во тековнава сезона има…
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Лестер, Калвин Бејси, му се приклучи на шкотскиот гигант, Глазгов Ренџерс, кој го предводи од клупата, Стивен Џерард, еден од легендарните репрезентативци на „Гордиот Албион“ и на тимот на Ливерпул. Младиот дефанзивец потпиша 4-годишен договор со шкотскиот состав а целиот процес ќе биде затворен откако ќе стартува летниот трансфер-период. „Бејси е физички силен играч кој ги исполнува современите барања за целосен бек. Тој е многу енергичен и моќоен и со неговите квалитети ќе може да стане значен дел од нашиот тим” – искоментира Џерард. Ренџерс успеа да го купи и романскиот репрезентативец, Јанис Хаџи, кој претходно…
Ешли Барти која ја има челната позиција на ВТА листата не знае дали ќе учествува на Отвореното првенство на САД кое е предвидено да се реализира во терминот од 24 август до 3 септември. Тенисерката од Австралија вели дека во периодот кога има пандемија со корона-вирусот, треба внимателно да се донесат одлуките. „Возбудливо е што повторно зборуваме за тенис и што работите се движат во вистинската насока за играчите кои сакаат повторно да започнат да се натпреваруваат. Но, пред да донесам одлука за УС Опен и турнирите пред тоа, треба да имам целосни информации и да ги прочитам советите на…
Голманот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Тибо Куртоа, вели дека паузата поради пандемијата со Kовид-19 била на некој начин добредојдена за неговиот клуб бидејќи Еден Азар успеал да се опорави и да му се стави на располагање на тренерот, Зидан. „Азар се врати во многу добра форма и мора да кажам дека навистина сум изненаден од него. Влегува во препознатливиот ритам, може да се види дека е во фантастична форма и навистина може многу да ни помогне во битката за титулата“ – вели голманот на „белите“. „Мечевите до крајот на сезоната ќе ги играме на теренот кој го носи името…
Леонардо Бонучи еден од најдобрите дефанзивни фудбалери гледано во историјата кога станува збор за италијанскиот и светскиот фудбал, изрази желба да игра во иста екипа со Златан Ибрахимовиќ. Швеѓанецот во моментов фигурира на платниот список на Милан. „Би сакал да играм со Ибрахимовиќ. Тој е вистински водач и има силен карактер. Секогаш сака да победува“- истакна Бонучи. „Фудбалерите кои секогаш се насочени кон победа ви даваат добар поттик. Тоа ми треба “ – вели Бонучи.
Поранешниот крилен напаѓач на Милан, Пари Сен Жермен и Рома, Џереми Менеш, ќе потпише договор со италијанскиот фудбалски состав Реџина, јавуваат локалните медиуми. 33-годишниот фудбалер кој во сезонава беше дел од францускиот второлигаш Париз, вчера го раскина договорот со клубот. Според медиумите во Италија, ќе се пресели во Реџина, која се натпреварува во Серија Ц – или трето ниво на италијанскиот фудбал. Неговиот нов состав е лидер во групата и најверојатно за наредната сезона ќе обезбеди промоцијата во Серија Б.
Нашиот млад и талентиран фудбалски напаѓач, Бојан Миовски, го напушти составот на Ренова и потпиша договор со унгарскиот елитен тим МТК. Фудбалерот кој покрај за екипата од Џепчиште настапуваше и за Брегалница Штип, Работнички, Карабах и Македонија Ѓорче Петров, иако имаше понуди од неколку екипи, на крајот се определи да ја продолжи кариерата во екипата од Будимпешта или еден од најстарите клубови во Европа. Миовски кој игра на позицијата класичен центарфор има настапено и за македонската репрезентација У19.
Челниците на фудбалскиот состав Реал Сосиедад сакаат да го задржат играчот од средниот ред, Мартин Oдегар. 21-годишниот дански интернационалец во тековнава сезона настапува за тимот од „Антоанета“ како позајмен од Реал Мадрид. Тој до прекинот на шампионатот одигра 28 мечеви за Баскијците со ефект од 7 голови и 8 асистенции. „Нема сомнеж дека Мартин игра многу значајна улога за нашиот тим. Знаеме дека се чувствува среќен во Реал Сосиедад и сака да остане. Тој набрзо ќе биде подготвен да го направи наредниот чекор во неговата кариера “ – рече тренерот на тимот, Иманол.
Велшкиот фудбалски репрезентативец, Герет Бејл, го пропушти тренингот на Реал Мадрид поради болки во нозете. Тренерот, Зинедин Зидан, ги подели играчите на два тима кои одиграа 90-ет минути на стадионот – „Алфредо Ди Стефано“. Фудбалерите практично го имаа првото вистинско загревање за продолжението на сезоната во Ла Лига по пауза од речиси три месеци поради пандемијата со корона-вирусот. Повредата на Бејл не е сериозна и тој најверојатно ќе може да игра на 14 јуни на дуелот со Еибар. Покрај велшанецот, напаѓачите Маријано Дијаз и Лука Јовиќ исто така не тренираа бидејќи се рековалесцентни. Еден Азард и Марко Асенсио по долго…
