Тренерот, Антонио Конте, ги пофали фудбалерите на Интер за прикажаната игра на двомечот со Наполи иако неговиот тим испадна во полуфиналето на италијанскиот куп. „Не можам ништо да им забележам на играчите. Интер заслужи повеќе во двата меча со Наполи, но, начинот на кој игравме ни го покажува вистнскиот пат. Можеби треба да има критики само за слабата реализација, другото беше добро“ – потенцирал тренерот на „нероаѕурите“. Интер на рестартот на италијанското првенство на 21. јуни ќе игра против Сампдорија. Мечот ќе се игра без публика на „Џузепе Меаца“.
Author: dino
Големата фудбалска ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, нема да го продолжи престојот во Милано и на крајот на сезоната ќе се врати во Шведска, објавија медиумите во Италија. 38 годишниот ветеран не е задовоен со клупската политика и посебно од работата на директорот Газидис и затоа се определил да се врати во татковината. „Газета Дело Спорт“ тврди дека Ибрахимовиќ ќе ја продолжи кариерата во Хамарби. Тоа е клубот во кој популарниот Ибра има и дел од акциите.
Возачите на Формула 1 нема да слават на подиумот поради новите правила воведени поради пандемијата со „COVID-19“. Парадата на пилотите пред почетокот исто така нема да се одржи бидејќи трките ќе поминат без публика. „Практиките што ги имавме во минатото едноставно не можат да се спроведат. Церемонијата на подиумот не може да се одржи, но, размислуваме да сториме нешто по трката. Една од можностите е да ги поставиме автомобилите на патеката и возачите да застанат пред нив“ – рече извршниот директор на Формула 1, Рос Браун, за www.formula1.com. Новата сезона во Формула 1 треба да започне на 5 јули.
Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сака да го засили средниот ред за наредната сезона. За таа цел на радарот на искусниот стратег влегува членот на Челзи, Нголо Канте, објавија денеска медиумите во Шпанија. Францускиот интернационалец во 2018 година за 29 милиони фунти го напушти тимот на Лестер и се пресели на стадионот „Стемфорд Бриџ“. Неговата неделна плата изнесува 290.000 фунти. Според наведеното, „кралевите“ се подготвени да ги исполнат сите барања на црномурестиот фудбалер а на „сините“ да им платат околу 70 милиони за неговиот потпис.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Лингард, пронајде начин како да заработи пари за време на пандемијата на корона-вирусот. Тој пред неколку дена на профилот на „Инстаграм“ откри дека направил голем број заштитни маски кои го носат логото на неговиот бренд. Членот на „црвените ѓаволи“ откри дека една маска чини 12 фунти и дека цела заработка ќе ја донира во хуманитарни цели или поточно во болниците во Англија. „Се надевам дека сте добри и безбедни. Од 15 јуни во продажба се заштитните маски кои го имаат мојот заштитен знак“, напиша Лингард.
Фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Косово во рамките на баражот во Лигата на нациите најверојатно ќе се одигра во Октомври, најавуваат дел од медиумите. Одлуката треба да биде донесена на состанокот на Извршниот Одбор на УЕФА закажан за 17 и 18 јуни. Мечот кој требаше да се одигра во Скопје во март месец беше прво одложен за јуни а потоа со оглед на пандемијата на корона-вирусот, повторно беше пролонгиран. Сега УЕФА најави дека Извршниот комитет ќе донесе неколку значајни одлуки како за завршницата во Лигата на Нации така и за финишот на сезоната во европските купови.
Ракометарот на ППД Загреб, Aнте Гаџа, ги демантираше челниците на тимот дека ќе остен во Хрватска. Тој потврди дека има договр со Вардар и дека ќе дојде во Скопје. „По заминувањето на Сташ Скубе, Вардар барал некој на моја позиција. Му се јавиле на мојот менаџер кој ме праша дали сакам да одам таму, му реков: Секако! Му реков дека сакам да одам бидејќи Вардар е европски шампион и тоа е уште еден чекор напред во мојата кариера.“ – изјавил Гаџа. „Се надевам дека Вардар ќе биде оној стариот. Многу од играчите останаа и ги продолжија договорите. Се надевам дека…
Квалитетите на Ендру Робертсон му дозволуваат да игра апсолутно на секој дел од теренот и со самото тоа го прават комплетен фудбалер, проценува поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Фабио Аурелио. Бразилецот кој има реализирано 134 натпревари за „црвените“, вели дека левиот бек кој ја има довербата на тренерот Клоп, секогаш покажува максимална активност. „Тој е комплетен играч затоа што може физички да нападне и да се брани. Тоа го прави многу добро. Робертсон е неверојатно храбар играч, одличен бек“ –вели Аурелио.
Во наредните денови, Манчестер Јунајтед ќе испрати нова понуда за Ансу Фати од Барселона, пренесува денеска каталонскиот весник – „Спорт“. Според информациите, Шпанците неодамна отфрлиле понуда од 100 милиони евра, но, тоа нема да ги поколеба луѓето од „Олд Трафорд“ кои повторно ќе се обидат да го ангажираат црномурестиот фудбалер. Откупната клаузула на младиот напаѓач е 170 милиони евра. Според анализата, трансферот може да се реализира и за помала сума доколку Барса во меѓу време успее да го купи Лаутаро Мартинез од Интер.
Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, заедно со неколку соиграчи потенцирале дека не се задоволни од работата на извршниот директор на клубот, Иван Газидис, пишуваат денеска италијански весници. Според „Газета дело Спорт“ тоа се случило на вчерашната средбата меѓу клупскиот шеф и неколку претставници на играчите. Фудбалерите не се задоволни од односот на Газидис кој последен пат го виделе на 4 мај. Најжестока реакција имал шведскиот ветеран. „Зошто се појавувате на само 48 часа пред полуфиналето на Купот? Ова не е истиот Милан од претходно, сега има премногу неизвесност и нема проект. Јас сум тука само заради мојата страст“ – рече…
