Возачите на Формула 1 нема да слават на подиумот поради новите правила воведени поради пандемијата со „COVID-19“. Парадата на пилотите пред почетокот исто така нема да се одржи бидејќи трките ќе поминат без публика.
„Практиките што ги имавме во минатото едноставно не можат да се спроведат. Церемонијата на подиумот не може да се одржи, но, размислуваме да сториме нешто по трката. Една од можностите е да ги поставиме автомобилите на патеката и возачите да застанат пред нив“ – рече извршниот директор на Формула 1, Рос Браун, за www.formula1.com.
Новата сезона во Формула 1 треба да започне на 5 јули.