Author: dino

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга, Јелена, се позитивни на корона-вирусот, објавија попладневно српските медиуми. Со тоа само се зглемува бројката на заразени тенисери кои беа дел од турнирот во Хрватска. Во неделата бугарскиот тенисер, Григор Димитров, на социјалните мрежи објави дека е заразен со Ковид-19 и таквата вест предизвика паника помеѓу тенисерите и присутните на „Адриа Тур“ во Задар. Сега резултатите покажаа дека и светскиот рекет број еден е позитивен на корона.

Read More

Кошаркарскиот состав на МЗТ Скопје УНИБАНКА доби нов тренер. Станува збор за Борче Даскаловски кој заедно со Емил Рајковиќ работеше во стручниот штаб на казахстанскиот состав Астана. Дасакаловски сега ќе ја води младата екипа на „штрковите“. Догегашниот тренер на МЗТ Скопје 2, Горан Крстевски, е прекомандуван во селекцијата до 16 години.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, верува дека неговиот тим може да остане во трката за титулата во Серија „А“ иако Јуве и Лацио засега имаа одредена бодовна предност. „Нероаѕурите“ пред два дена славеа против Сампдорија со што го продолжија притисокот врз водечката двојка. „Не се откажуваме од титулата.  Ќе мора да ја подобриме играта, правиме грешки, но, добро е што ги сведуваме на минимум. Треба да бидеме подобри“ – потенцирал Конте. „Јувентус може да извлече максимум на секој меч. Лацио исто така се бори за првото место. Мојот Интер ќе остане максимално фокусиран на битката за пехарот. Ќе…

Read More

Шкотскиот тенисер, Енди Мареј, по седум месеци пауза конечно ќе се појави на теренот. Тој денеска ќе го одигра мечот против Лиам Брејди во рамките на турнирот  -„Battle of the Brits“. 33-годишниот ветеран нема настап од изминатиот ноември кога се појави на завршниот дел од Дејвис Купот а потоа мораше да оди на операција. Мареј вечер од 18.30 ќе биде дел од  добротворниот настан организиран од неговиот брат Џејми. Истиот ќе се одигра зад затворени врати во Националниот тениски центар во Рохамптон.

Read More

Пеп Гвардиола, тренерот на фудбалерите на Maнчестер Сити, ги потврди стравувањата дека првиот напаѓач Серхио Агуеро, заработи потешка повреда на вчерашниот меч со Барнли одигран во рамките на Премиер- лигата. Аргентинецот во финишот од натпреварот  се пожали на болка во коленото и веднаш побара да биде заменет.  Гвардиола по натпреварот призна дека ситуацијата не е најдобра и дека сезоната за голгетерот е најверојатно завршена. „Не изгледа добро, има болки во коленото. Ќе мора да направи детални прегледи и тогаш ќе знаеме многу повеќе“ – потенцираше шпанскиот стратег.

Read More

Фудбалерот, Марко Пашалиќ, кој во тековнава сезона постигна седум голови и направи исто толку асистенции во дресот на Аталанта, ќе остане и понатаму во Серија „А“. Хрватот кој играше како позајмен  од Челзи сега ќе биде на платниот список на тимот од Бергамо откако челниците на калчо-лигашот се одлучија да му го откупат договорот. Информацијата беше потврдена и на социјалните мрежи.  „Сините“ за направениот трансфер ќе добијат 15 милиони евра. Пашалиќ кој во 2014 година го напушти Хајдук и замина во Англија,  не успеа да се наметне за првиот состав на –„Стемфорд Бриџ“. Тој еден дел од кариерата ја помина…

Read More

Фабио Паратичи, спортскиот директор на фудбалскиот состав Јувентус, потврди дека Миралем Пјаниќ ќе го напушти Торино и ќе се пресели во Барселона додека во спротивна насока ќе се упати Бразилецот, Мело. „Разговаравме со Барселона за размената Артур – Пјаниќ. Двата тима сега се фокусираат на натпреварите до крајот на сезоната и затоа ќе мора да почекаме“ – изјави Паратичи. „Старата дама“ вчера славеше на теренот на Болоња со што ја задржа првата позиција во Серија „А“.

Read More

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најверојатно ќе има негативен тест за Ковид-19, велат неофицијалните информации од соседна Србија. Светскиот рекет број 1, по враќањето од Задар од турнирот „Адрија тур“ направи тестирање во Белград  а резултати се очекуваат утре.  На собирот во Хрватска настапија  Григор Димитров и Борна Чориќ, кои се позитивни на корона. Ѓоковиќ имаше блиски контакти со Бугаринот Димитров во Белград. Во изолација се испратени сите кои биле блиску до заразените во период подолг од десет минути.

Read More

Ракометниот состав на Вардар кој го ангажираше корпулентниот пивотмен од Полска, Давид Валчак, ќе биде привилегиран при составувањето на групите за наредната сезона во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ на ждрепката на 1 јули во Виена ќе бидат во првиот шешир заедно со Веспрем, Барселона и ПСЖ. Бидејќи ЕХФ го промени системот на натпреварување, сега 16 екипи ќе бидат поделени во две групи што значи дека „црвено-црните“ може да добијат само еден противник од големите гиганти од Унгарија, Шпанија и Франција. Еве како се поделени екипите. ШЕШИР 1: Вардар, Веспрем, Барселона, ПСЖ. ШЕШИР 2: Кил, Киелце, Алборг, Порто. ШЕШИР 3: Мешков…

Read More

Чуварот на мрежата на Евертон, Мартин Стекеленбург, ги напушти „карамелите“ и потпиша за екипата на Ајакс, објавија денеска медиумите повикувајќи се на информацијата која дојде од прес-службата на холандскиот фудбалски клуб. Договорот на 37-годишниот ветеран е за една сезона и ќе биде активен од 1 август па се до 30 јуни во наредната година. Стекеленбург кој се пресели во Евертон во 2016 година, во тековнава сезона  нема одиграно ниту еден меч за англискиот состав. Тој практично се врати во клубот во кој настапуваше од 2001 до 2011 година кога успеа да стане двократен национален шампион и трикратен победник на Купот…

Read More