Здравствените власти во Португалија ја одбија идејата на челниците на УЕФА на завршните мечеви во Лигата на шампионите во Лисабон да има одреден број на гледачи на трибините. „Нема шанси да има навивачи на трибините гледајќи ја комплетната епидемиолошка слика“- рече секретарот во португалското Министерство за здравство, Антонио Ласерда Салес. „Не знаеме како ќе се развива ситуацијата, но, веруваме дека нема драстично да се промени“ – додава Салес. Во неговата земја има 41 илјада заразени и 1.500 смртни случаи од ковид-19.
Author: dino
Фудбалерите, Андре Греј, Натаниел Халоба и Домингос Кин им се извинија на соиграчите во Ватфорд за кршење на правилата за изолација за време на пандемијата на коронавирус. Тројцата лично му се извиниле и на клупскиот менаџер, Најџел Пирсон, пишува „Дејли меил“. „Сакам да им се обратам на сите и да се извинам. Тоа беше забава што траеше до доцна во ноќта. Моите пријатели и јас се здруживме да го прославиме роденденот “ – напиша Греј на „Инстаграм“. Напаѓачот на Ватфорд имаше роденден на 26 јуни а само два дена подоцна неговиот тим загуби дома од Саутемптон со 3 спрема 1.
Новак Ѓоковиќ кој доби лавина на критики поради организацијата на турнирите во Белград и Хрватска кога повеќе лица беа заразени со ковид 19 вклучувајќи го и српскиот ас, доби поддршка од Владата на нашиот северен сосед. Премиерката, Ана Брнабиќ, му се заблагодари на најдобриот тенисер на денешницата за неговата намера а вината ја префрли на Владата и нејзините одлуки да се намалат мерките на претпазливост. „Виновна е Владата за намалените мерки на претпазливост а не Новак Ѓоковиќ. Ја користам приликава да им се извинам на сите кои се почувствуваа загрозени за време на турнирите“ – изјави Брнабиќ.
Фудбалерот од средниот ред на Рома, Николо Заниоло, откако успеа да ја надмине повредата на коленото добиена на мечот со Јувентус одигран на 12 јануари, полека се врати во тренинг процес. Тој додека беше надвор од терените одлучи да направи и операција на носот за да може подобро да дише. Фудбалерот на „волчицата“ кој првично работеше со младинскиот тим, наверојатно за неколку недели ќе биде подготвен да се врати во игра.
Никој не е заразен со КОВИД-19 во Хасково по средбата со тенисерот Григор Димитров кој по настапите во Белград и Загреб објави дека е позитивен на корона-вирусот. ‘ Бугаринот додека бил во Хасково имал само една официјална средба – со градоначалникот, Станислав Дечев, кој подоцна задно со 21 лице бил ставен во карантин. Димитров на споменатата локација имаше отворен тренин со Кристијан Гро кој исто така бил позитивен на ковид-19 а потоа се сликаше со фановите и разговараше со медиумите.
Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец, Андреа Пирло, од наредната сезона ќе го води У-23 тимот на Јувентус, соопштија медиумите на „Чизмата“. Легендарниот играч на „старата дама“ одамна најави дека планира да започне со тренерска кариера и затоа веднаш ја прифатил понудата од клубот во кој играше во завршните години од кариерата во Европа. Пирло пред да замине во фудбалска пензија, последните минути на теренот ги помина во дресот на Њујорк Сити во шампионатот на САД.
Дефанзивецот на фудбалскиот состав Милан, Давиде Калабрија, наскоро може да си замине од стадионот „Сан Сиро“ иако неговиот агент, Алесандро Луси, се обидува да издејствува продолжување на соработката со италијанскиот гигант. Според „Калчо меркато“, преговорите досега немаат напредок и затоа се претпоставува дека играчот ќе се раздели со „росонерите“. 23-годишниот Калабрија е производ на школата во Милано. Од 2015 година тој е дел од првиот тим. Неговата вредност на трансфер- пазарот е околу 10 милиони евра. Според наведеното, за неговиот потпис се заинтересирани Фиорентина и Болоња.
Легендарниот напаѓач на фудбалскиот состав Ливерпул, Мајкл Овен, се обиде да прогнозира кои тимови во наредната сезона ќе ги предизвикаат „црвените“ во битката за титулата во Премиер-лигата. „Ливерпул е навистина многу силен, таков и ќе остане, Манчестер Сити е феноменален тим додека Манчестер Јунајтед е третиот кој се издвојува како кандидат за титулата во наредната сезона“ – вели Овен. „Сите брзо напредуваат и ожат да се вмешаат во битката. Ќе го додадам и Челзи. Има голем потенцијал и млади фудбалери. Лампард работи одлично“ – порача Овен.
19-годишниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ангел Гомес, ќе си замине од „олд Трафорд“ бидејќи не ја добив посакуваната минутажа. Тоа го поврди и тренерот на англискиот состав Оле Гунар Солскјер. „Ништо не сум слушнал околу евентуален нов договор на Гомес, мислам дека ништо нема да се случи. Гомес е одлично младо момче, му понудивме договор а ако не го прифати му пожелувам се најдобро.“ – изјави Солскјер. Според дел од медиумите во Англија, за младиот фудбалер се заинтересирани неколку екипи од Италија а се споменува и францускиот ПСЖ.
Ѕвездата на Вашингтон, Александар Овечкин, тренираше со тимот за прв пат откако сезоната на НХЛ беше запрена поради пандемијата на корона-вирусот. Прес-службата на тимот објави дека играчот беше на Флорида за време на паузата пред да се врати во тимската база. Од 8 јуни на играчите им е дозволено да тренираат доброволно, но, само под одредени здравствени протоколи. 34-годишниот играч во регуларната сезона имаше 48 голови на 68 натпревари со што успеа да го изедначи рекордерот на листата на стрелците во една сезона Дејвид Пастрнак од екипата на Бостон.
