Author: dino

Еди Хорн, откри дека требало да му се плати процент од страна на Милер за неговата битка со Форест на 9 јули во Лас Вегас. Британскиот боксерски промотор во интервјуто за телевизијата – „ИФЛ“, изјави дека Милер сè уште му должи пари. Американецот во претходната година требаше да се соочи со Ентони Џошуа, но, беше суспендиран откако даде позитивен тест за допинг. „Милер требаше да заработи добри пари. Тој доби бонус за потпишување на договорот. Тој мораше да ми ја плати таксата за неговиот претходен меч против Форест. Такви се правилата“ – изјави Хорн.

Read More

Италијанскиот елитен фудбалски состав Рома планира да го ангажира корпулентниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани, кој го одработи договорот со францускиот тим и по завршувањето на сезоната во Лигата на шампионите  ќе биде слободен играч. Според медиумите во Италија, составот од Рим испратил официјална понуда до голгетерот, но, посебни детали засега не се откриваат. 33-годишниот ветеран во 2013 година се активираше на  – „Паркот на принцовите“. Тој досега на 200 мечеви успеа да постигне 138 голови со што стана најефикасниот фудбалер кој некогаш го носел дресот на ПСЖ.

Read More

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, не може да биде задоволен како ја започна сезоната во Формула 1 на патеката во Австрија. Тој по инцидентот со Алекс Албон заработи казна по што не успеа да се пласира меѓу првите тројца. „Имав лош викенд, чувствував дека имам брзина да се борам со Ботас, но, тогаш се случи тој несреќен контакт со Албон“ – вели Британецот кој не сака многу да му се дава значење на инцидентот со Албон . „Не ми се верува дека повторно се судривме, како и да е, ја прифатив казната. Сега треба да се насочам само кон наредните…

Read More

Kапитенот на фудбалскиот состав Барселона, Лионел Меси, постави личен рекорд по бројот на асистенции во една сезона. Тој на вчерашниот дуел на теренот на  Вилјареал имаше прицизни додавања кон напаѓачите Суарез и Гризман кои во продолжението од акцијата успеаа да се запишат во листата на стрелците.  Со тоа Аргентинецот стигна до 19 успешни додавања со што го подобри лечниот рекорд од сезоните 2010/11 и 2014/15 кога имаше идентичен ефект од 18 асистенции. Меси во тековнава сезона во сите натпреварувања има постигнато 27 голови и 24 успешни додавања по кои е постигнат гол.

Read More

Фудбалерите на Реал Мадрид во текот на викендот остварија голема победа на теренот на Атлетик Билбао со голот од пенал на Серхио Рамос со што ја задржаа предноста пред Барселона во трката за шампионската титула во Шпанија. Домаќините по мечот потенцираа дека се оштетени и дека не се задоволни од судењето а идентично размислување имаше и првиот човек на Каталонците, Бартоме,  кој вели дека судиите на некој начин им помагаат на „кралевите“. На тоа реагираше тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. „Лесно е да се зборува за спорните детали. Ние играме одлично и ми здосадија сите коментари дека победуваме со…

Read More

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за првата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена утре за Големата награда на  на Австрија. Финецот на денешните квалификации со имаше најбрзиот круг и тоа пред неговиот клупски колега, Луис Хамилтон. На утрешната трка од вториот ред ќе започнат Макс Ферстапен од Ред Бул и Ландо Норис од Мекларен следени од Александер Албон од Ред Бул и Серхио Перез од Рејсинг. Возачите на Ферари тотално разочараа со нивните резултати. Шарл Леклер обезбеди седмо време додека  Себастијан Фетел не успеа да се квалификува за последната сесија и трката ќе ја…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Карим Бензема, може да заврши зад решетки доколку се докаже дека е  виновен за обид за уцена. Французинот беше уапсен во 2015 година за уценување на соиграчот, Валбуена а веднаш потоа за истото дело беше приведен и Џибрил Сисе. Наводно, двајцата  откриле компромитирачки секс-снимки во телефонот на Валбуена и го уцениле со одредена сума на пари. Откако тоа се дозна, фудбалерот на „кралевите“ беше избркан од француската репрезентација. Сега како стојат работите, шпанските медиуми најавуваат дека напаѓачот може да биде осуден со затворска казна.

Read More

Една од легендите на Рома и на италијанскиот фудбал, Даниеле де Роси, може да седне на кормилото на Фиорентина која има очајна сезона во Серија „А“. „Скај Спорт“ објави, дека Де Роси кој во почетокот на годинава се повлече од активно играње фудбал, наскоро би можел да заплови во тренерските води. Во текстот се потенцира дека „виолетовите“ имале намера да го ангажираат  Де Роси веднаш откако го напушти тимот на Рома, но, ветеранот тогаш се определи да замине во аргентинскиот состав Бока Јуниорс и таму да ја заврши кариерата.

Read More

Челзи покажува дека е заинтересиран за централниот дефанзивец на Вилјареал, Пау Торес, пренесува –„Дејли Меил“. 23-годишниот фудбалер на шпанскиот клуб со одличните настапи го привлече вниманието на другите екипи како што се: Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал и Барселона. Откупната клаузула на Торес е 50 милиони евра, што е солидна сума која може да си ја дозволат „сините“ од Лондон. Покрај тоа, Френк Лампард сака да се засили со Бен Чилвел од Лестер бидејќи неговата одбрана е една од најслабите во Премиер-лигата.

Read More

Дитер Хекинг ќе ја напушти тренерската функција кај германскиот фудбалски второлигаш Хамбургер СФ, пренесува денеска  „Скај Спорт“. Управата на тимот не е задоволна од работата на 55-годишниот специјалист и нема да го продолжи неговиот договор. Хекинг го презеде кормилото на Хамбургер во претходното лето. Тимот во штотуку завршената сезона го обезбеди само четвртото место во Втората Бундес лига и не успеа да се врати во елитата. Според најавите на  позицијата на Хекинг ќе дојде Димитриос Грамозис кој беше главен тренер на екипата на Дармштат.

Read More