Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, не може да биде задоволен како ја започна сезоната во Формула 1 на патеката во Австрија. Тој по инцидентот со Алекс Албон заработи казна по што не успеа да се пласира меѓу првите тројца.
„Имав лош викенд, чувствував дека имам брзина да се борам со Ботас, но, тогаш се случи тој несреќен контакт со Албон“ – вели Британецот кој не сака многу да му се дава значење на инцидентот со Албон .
„Не ми се верува дека повторно се судривме, како и да е, ја прифатив казната. Сега треба да се насочам само кон наредните трки“ – изјавил Хамилтон.