Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за првата сезонска трка во Формула 1 која ќе биде возена утре за Големата награда на на Австрија.
Финецот на денешните квалификации со имаше најбрзиот круг и тоа пред неговиот клупски колега, Луис Хамилтон. На утрешната трка од вториот ред ќе започнат Макс Ферстапен од Ред Бул и Ландо Норис од Мекларен следени од Александер Албон од Ред Бул и Серхио Перез од Рејсинг.
Возачите на Ферари тотално разочараа со нивните резултати. Шарл Леклер обезбеди седмо време додека Себастијан Фетел не успеа да се квалификува за последната сесија и трката ќе ја започне од 11 место.