Матија Биното, првиот човек на екипата на Ферари во Формула 1, вели дека не му бил понуден нов договор на Себастијан Фетел поради пандемијата со корона-вирусот.
„Во јануари бевме сигурни дека ќа продолжиме со соработката бидејќи Фетел беше нашиот прв избор. Подоцна ситуацијата со „Ковид-19“ драстично ги промени работите не само во нашиот спорт туку во многу делови од животот.Ограничувањето на буџетот не натера на таков чекор“ – вели Биното.
„Слушнав дека Фетел бил изненаден од одлуката, го разбирам потполно и знам дека не е среќен. Помина одлични шест сезони во нашиот тим, тој е голем шампион и голем човек“ – потенцирал Биното.