Себастијан Фетел кој со болидот на Ферари не ја заврши втората сезонска трка во Формула 1 возена вчера во Австрија бидејќи имаше судир со клупскиот колега, Шарл Леклер, вели дека бил изненаден од целата ситуација.
„ Се борев со други два болида, сите влеговме во третиот свиок и тоа што се случи ме изненади. Мислам дека немаше место. Јас влегов бавно и без многу движење бидејќи навистина немаше простор и затоа се судривме со Леклер“ – вели Фетел.
„Чувствував дека болидот е солиден, имаше подобрувања, штета што не успеавме да останеме подолго на патеката“ – изјавил Фетел