Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, по вчерашниот пораз кај Астон Вила, изјави, дека неговиот тим имал разочарувачка сезона во Премиер лигата и дека сите сили ќе ги насочи кон освојување на ФА Купот на Англија. „Мора да корегираме многу работи за да дојдеме до посакуваната цел. Имам целосна поддршка од раководната гарнитута. Навивачите треба да ни веруваат. Водечките тимови се многу подобри од нас во повеќе сегменти“ – вели шпанскиот тренер. „Покажавме повеќе слабости против Астон Вила иако навостина имаше и добри моменти. Сега не чека финалето на ФА Купот, тоа е нашата последна шанса да одиме во Европа.…

Read More

Артјоми Панарин (Њујорк Ренџерс), Леон Дрезлајт (Едмонтон) и Нејт Мекинон (Колорадо) се номинирани за признанието – „ МВП“ кое се доделува во Националната хокеарска лига за остварениот ефект во регуларниот дел. Според статистиката, Дрезлајт беше најдобар  до прекинот на сезоната во месец март поради пандемијата на коронавирус. Тој има  110 поени (43 голови и 67 асистенции) на 71 натпревар. Мекинон досега собра 93 поени (35 голови и 58 асистенции) на 69 средби. 28-годишниот напаѓач Панарин го има третото место на листата со 32 гола и 63 асистенции на 69 натпревари.

Read More

Младиот фудбалер на Рома, Николо Заниоло, кој има неколку атрактивни понуди од Јувентус, и Манчестер Сити , побарал гаранција од челниците на „римската волчица“ дека тимот ќе биде засилен во текот на летото. Неговиот агент задолжен за трансфери имал неколку средби со луѓето од Рим за да им ги пренесе ставовите на неговиот клиент. Заниоло кој има одлични настапи и во континуитет и се поврзува со евентуален трансфер во ПСЖ, Борусија Дортмунд и Тотенхем, потенцирал дека сака да биде дел од конкурентен состав кој ќе се бори за титули.

Read More

Германецот, Ралф Рангник, нема да седне на кормилото на фудбалскиот состав Милан, објавија медиумите во Италија. Тренерот на РБ Лајпциг требаше да го замени Пиоли на крајот на сезоната, но,  откако работите се искомпликуваа и предизвикаа недоразбирања на релација раководство-фудбалери, челниците на „росонерите“ веднаш се определиле да ја продолжат соработката со сегашниот тренер до јуни во 2022 година. Тоа значи дека Рагник и понатаму ќе остане во германскиот елитен состав и нема да се активира во Серија „А“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер застана во одбрана на голамнот Давид де Геа, кој по дуелот со Челзи во ФА купот на Англија беше на удар на навивачите и видните личности од светот на фудбалот. Шпанскиот голман извесен период е надвор од форма а тоа се виде и на средбата со „сините“ кога направи неколку катастрофални грешки.  Сега норвешкиот тренер вели дека Де Геа е доволно ментално силен и дека ќе го преброди кризниот период. „Давид знае дека треба да биде максимално активен и подготвен за наредните натпревари.  Нема да разговаравме за одредени фудбалери бидејќи никој…

Read More

Пин Захави, менаџерот задолжен за трансфери на дефанзивецот на Баерн Минхен,  Давид Алаба,  вели дека неговиот клиент е еден од најдобрите одбранбени фудбалери во светот и дека треба да добие голема сума на пари. Алаба во моментов има договор со Баварците до 2021 година, но, веќе поставил услов за да го продолжи. Доколку Баварците се согласат со неговите барања, тогаш репрезентативецот на Австрија ќе биде најплатениот играч во клубот. Според Захави, црномурестиот фудбалер бара годишна плата од 20 милиони евра.

Read More

Борусија (Менхенгладбах), која се квалификуваше во Лигата на фудбалските шампионите, го ангажираше времено играчот од средниот ред на РБ (Лајпциг), Ханс Волф. Неговиот договор ќе биде за една година по што Борусија ќе има можност да му ги откупи првата на 21-годишниот играч. Волф се пресели во Гладбах на повик на селекторот Марко Роуз, со кого пред неколку години работеше во Ред Бул (Салцбург). Австрискиот играч од средниот ред е првото ново име во редовите на Борусија Мехнегладбах во текот на летово. Тој во претходната сезона одигра само 5 натпревари за Лајпциг бидејќи во континуитет се измачуваше со повреди.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Наполи, Џенаро Гатузо пред реваншот со Барселона во Лигата на шампионите, вели дека не се плаши од Лео Меси, туку од зголемениот број на заразени со Ковид-19 во Каталонија. Ревашот во Шпанија ќе биде одигран на 8 август на „Камп Ноу“ без гледачи а победникот ќе обезбеди место на завршниот фајнл-ејт во Лисабон (Португалија). Првата средба во Италија заврши 1:1. „Нормално дека сме загрижени поради короната,  но, нема да зборувам за тоа. Тоа не е моја работа. Тоа треба да го решат нашата управа и претседателот“ – вели тренерот на Наполи.

Read More

Актуелниот шампион во Мото Гран При конкуренцијата во најсилната класа, Марк Маркез, денеска бил успешно опериран во Барселона. Шесткратниот светски првак во „кралската класа“ кој е член на Репсол Хонда, доживеа тешка несреќа на првата сезонска трка која се возеше во неделата во Херез. Тој во еден миг ја загуби контролата врз моторот и излета од патеката.  Подоцна беше утврдено дека Маркез ја скрши десната рака и дека мора да му биде извршен хируршки зафат. По денешната информација,  луѓето од Репсол Хонда се оптимисти дека Маркез ќе може да вози на 9 август на патеката во Брно за Големата награда…

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Френк Лампард,  најави дека ќе биде максимално активен на трансфер-пазарот иако „сините“  уште во јануари го обезбедија потписот на Хаким Зијах од Ајакс а пред неколку недели го купија и Тимо Вернер од РБ Лајпциг. „ Досега бевме добри и купивме одлични фудбалери. Тука нема да застанеме. Мора да се вложува во тимот за да бидеме конкурентни“ – вели Лампард. „Тоа го видовме кај другите клубови во годините што поминаа. Тоа ќе биде и нашата главна цел“ – изјави Лампард откако неговиот тим влезе во големото финале во ФА Купот на Англија.

Read More