Артјоми Панарин (Њујорк Ренџерс), Леон Дрезлајт (Едмонтон) и Нејт Мекинон (Колорадо) се номинирани за признанието – „ МВП“ кое се доделува во Националната хокеарска лига за остварениот ефект во регуларниот дел.
Според статистиката, Дрезлајт беше најдобар до прекинот на сезоната во месец март поради пандемијата на коронавирус. Тој има 110 поени (43 голови и 67 асистенции) на 71 натпревар. Мекинон досега собра 93 поени (35 голови и 58 асистенции) на 69 средби.
28-годишниот напаѓач Панарин го има третото место на листата со 32 гола и 63 асистенции на 69 натпревари.