Марк Маркез, актуелниот светски шампион во Мото Гран При, заработил фрактура на горниот дел на раката откако денеска излета од патеката Херез, објави неговиот клуб, Репсол Хонда.
„Докторите утврдија фрактура на раката и тоа во нејзиниот горен дел. Се останато ќе биде детално проверено во болницата. Не можеме да кажеме ништо за периодот на рехабилитација, – изјавил Алберто Пуч, директор на Репсол Хонда.
Маркез денеска остана без пласман иако доминираше на патеката на која победи Фабио Квартараро пред Маверик Вињалес и Андреа Довициозо.Наредната трка од шампионатото во Гран При конкуренцијата исто ката ќе биде возен на патеката Херез.