Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи патеката Силверстон и тоа на јубилејната трка со која се одбележа седумдесетгодишнината на Формула 1.
Тој со добра тактика успеа да ги победи возачите на Мерецедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, кои ги освоија второто и третото место. Британецот успеа да го израмни рекордот на Михаел Шумахер со 155 пласмани на подиумот.
Од возачите на Ферери, Шарл Леклер заврши на четвртата позиција додека Себастијан Фетел беше дури 12-ти. Наредната трка ќе биде за седум денови и ќе се вози за Големата награда на Шпанија.