Мо Фарах од Велика Британија кај мажите и Сифан Хасан која потекнува од Етиопија а има државјанство на Холандија во женска конкуренција, поставија нови светски рекорди на едночасовната трка реализирана на атлетскиот митинг од Дијамантската лига во Брисел.
Четирикратниот олимписки шампион, Фарах, го собори светскиот рекорд кој го имаше Хале Габресиласие од 2007 година додека Хасан го подобри резултатот на Дире Тун поставен во 2008 година.
Натпреварувачите во трката која е надвор од олимписката програма имаат за цел да се претрчаат колку што е можно повеќе километри за точно еден час.

