Аргентинскиот фудбалер, Емилијано Ригони, кој е на платниот список на Зенит од Санкт Петербург, е испратен на позајмица кај дебитантот во шпанската елита, екипата на Елче. 27-годишниот играч за врска и во претходните две сезони настапуваше како позајмен во Серија А во екипите на Аталанта и Сампдорија. Ригони во тековниот шампионат има запишано 7 натпревари за рускиот состав.
Author: dino
Италијанскиот фудбалски состав Рома објави дека го купила Крис Смолинг од Манчестер Јунајтед за 15 милиони евра. Црномурестиот играч кој во претходната сезона настапуваше како позајмен во римскиот состав, сега потпиша перманентен договор со „волчицата“ кој ќе биде валиден до 30 јуни во 2023 година. „Многу сум среќен. Напред Рома“ – напиша Смолинг на социјалните мрежи .
Тео Волкот по речиси 15 години се врати во екипата на Саутемптон. Фудбалерот ќе настапува само една сезона како позајмен играч од Евертон. -Саутемптон со гордост може да соопшти дека Тео Волкот, кој е еден од најславните производи на нашата академија се врати на Сент Мери- стои во соопштението на англискиот клуб. Волкот е најмладиот играч кој дебитирал за првиот тим на Саутемптон. Тоа го направил во август 2005 година кога имал само 16 години и 143 дена.
Младиот фудбалер, Рафаел Обрадор, потпиша за составот на Реал Мадрид. 16-годишниот лев бек кој го носеше дресот на Мајорка сега ќе настапува за екипата на „кралевите“. Иако за големиот талент беше заинтересирана и екипата на Барселона, првиот човек на „белите“, Флорентино Перез, успеа да го убеди Обрадор да се пресели на – „Сантијаго Бернабе“. Обрадор настапува и селекцијата на Шпанија до 16 години.
Арсенал потврди дека го купил фудбалерот, Томас Парти од Атлетико Мадрид за 50 милиони евра. Трансферот е реализиран практично во последните минути пред затворањето на преодниот рок. Парти откако ги помина задолжителните лекарски прегледи прво ќе ги заврши обврските со селекцијата на Гана а потоа ќе му се приклучи на лондонскиот состав. Парти е главно играч кој дејствува на средината на теренот но, знае да биде максимално активен и во нападот.
Уругвајскиот фудбалски напаѓач, Едисон Кавани, потпиша едногодишен договор со Манчестер Јунајтед со опција да остане дополнително уште една сезона. „Манчестер Јунајтед е еден од наголемите клубови на светот и голема е честа да се биде тука“ – изјави Кавани. „Најмногу се радувам е враќањето на навивачите на трибините. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо.“ – потенцираше новиот играч на „црвените ѓаволи“ кој ќе го носи бројот седум.
Македонската фудбалска репрезентација влезе во тренингт процес за мечот со Косово во баражот за пласман на Европското првенство преку Лигата на нации. Селекторот, Игор Ангеловски, денеска работеше само со дел од репрезентативците бидејќи другите ги чекаат резултатите од задолжителното тестирање за „Covid-19“. „Ме радува што сите кои се повикани се здрави и подготвени за предизвикот кој не очекува. За жал нема да биде со нас Елиф Елмас. Македонија 30 години чека настап на Европско првенство и посакуваме да дојдеме до таа историја“ – вели Ангеловски. „Доаѓањето на Пандев, под сите тие околности, покажува колку му значи овој натпревар. Доаѓањето во…
Нашите најдобри фудбалери денеска го реализираа првиот тренинг во редуциран состав пред мечот со Косово во Лигата на нации или претпоследниот филтер за пласман на Европското првенство. Селекторот, Игор Ангеловски, работеше само со дел од повиканите бидејќи другите ги чекаат резултатите од задолжителното тестирање за „Covid-19“. Средбата со Косово ќе ја пропушти членот на Наполи, Елиф Елмас, кој е позититивен на корона-вирусот. Натпреварот со Косово ќе го одиграме в четврток од 20.45 часот на Арената во Скопје пред празни трибини.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година се подготвува за новите пресметки во рамките на квалификациите за Европското првенство. На 8. Октомври не очекува гостувањето кај Казахстан додека на 13. Октомври ќе ја пречекаме селекцијата на Израел на тренинг центарот – „Петар Милошевски“. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски на располагње ги има :ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев); ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Зорја, Украина)), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Славија Софија, Бугарија), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Оливер Стојменовски (Борец), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.); СРЕДЕН РЕД: Давор…
Баерн Минхен денеска ги промовираше Чупо-Мотинг и Даглас Коста како нови членови на клубот од Бунсел-лигата.Напаѓачот Чупо-Мотинг доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Пари Сен-Жермен. „Прекрасно е чувството да се вратиш во Бундес-лигата и тоа во најголемиот клуб во Германија. Кој не би сакал да игра за Баерн?“, вели Чупо-Мотинг кој потпиша договр за една сезона. Бразилецот Даглас Коста кој играше за екипата од Минхен од 2015 до 2017 година доаѓа како позајмен фудбалер од Јувентус.
