Author: dino

Аргентинскиот интернационалец во редовите на Јувентус, Паоло Дибала, по вчерашниот меч со Кротоне реагирал кај директорот, Фабио Патричи, незадоволен од одлуката на тренерот, Андреа Пирло да го остави на клупата. Младиот играч иако беше испратен за загревање во вториот дел, не доби шанса да ги забележи првите минути во новата сезона во Серија „А“. Тоа веројатно дополнително го исфрустрира да направи таква реакција на патот кон соблекувалната. Целата ситуација се обиде да ја објасни тренерот, Пирло. „Во петокот тренираше само десет минути, се врати од репрезентативниот собир. Тоа не беше идеален натпревар за него да игра затоа што имавме и…

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, вчера направи имаше неспортски потег кон Шан Маси Елис која ја имаше улогата на линиски судија на дуелот против Арсенал одигран во рамките на Премиер лигата. Аргентинскиот интернациоанлец ја фати за вратот Елис откако не му се допадна една од нејзините одлуки. Тоа предизвика револт кај фановите кои реагираа по пат на социјалните мрежи. Скандалозниот потег го осудија и медиумите. По целата ситуација тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, застан во одбрана на неговиот фудбалер. „Агуеро е една од најдобрите личности кои сум ги запознал во животот. Барајте проблеми на друго место“ – потенцираше Гвардиола.…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Роналд Куман, пред големото дерби со Реал Мадрид закажано за 24 октомври, потврди дека првиот голман, Тер Штеген нема да може да застане на голот за така нареченото – „Ел Класико“. „Не верувам дека ќе биде подготвен наредната недела. Треба да бидеме внимателни со неговата повреда, не смееме да ризикуваме. Не знам кога ќе може да се врати на теренот“ – потенцираше Куман. Пред денешните мечеви во Примера кога Реал Мадрид ќе игра дома со Кадиз а Барса ќе гостува кај Гетафе, „кралевите“ се лидери со 10 бодови додека Каталонците ја имаат петтата позиција со…

Read More

Даниел Мусовски ќе игра за македонската фудбалска репрезентација. ФФМ потврди дека има договор со 24-годишниот напаѓач на Лос Анџелес кој ќе може да се вклучи во тековниот циклус во Лигата на Нации. „Навистина ми е мило што Дени прифати да игра за Македонија, имавме искрен разговор и го очекуваме во нашиот тим во ноември. Неговиот ефект во Лос Анџелес е одличен“ – потенцираше селекторот, Игор Ангеловски. Мусовски е роден во Невада. Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас а играше и за: Берлингем , Таксон, Сан Хозе и Рено.

Read More

Голманот на Порто и на нашата ракометна репрезентација, Никола Митревски, е прогласен за МВП во 4 коло во Лигата на шампионите. Португалскиот тим славеше против Пик Сегед со 25 спрема 19 а македонскиот интеранционалец имаше фантастична партија со 15 одбранети удари кон неговиот гол. Токму една од тие интервенции по двојниот цепелин на Унгарците беше прогалсена и за најатрактивна во 4 рунда во ракометната елита во Европа. Реакцијата на Митревски која му го донесе признанието за најкорисен играч во колото, ЕХФ ја постираше и на социјалните мрежи.

Read More

Манчестер Јунајтед ја активираше клаузулата во договорот на Пол Погба, со која може да биде продолжен неговиот престој на „Олд Трафорд“ за уште 12 месеци или до летото 2022 година, објави – „Manchester evening news“. Во принцип, договорот на фудбалерот ќе истече по крајот на сезонава, но, соработката ќе продолжи за уште една. Францускиот играч за врска се врати во Англија во 2013 година откако клубот му плати на Јувентус рекордни 105 милиони евра. Погба неодамна изјави дека сака да оди во Реал Мадрид по што реагираше управата на „црвените ѓаволи“ и веднаш ја активираше клаузулата за негово останување во…

Read More

Кевин Де Бруин, еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Сити ќе мора да паузира подолг период откако се повреди за време на репрезентативните активности во изминатиот период. Белгиецот кој е една од главните ѕвезди во тимот на Пеп Гвардиола, нема да се појави на утрешното дерби со Арсенал во Премиер лигата а најверојатно ќе биде во „аут“ и за мечот против Порто на стартот на новата сезона во Лигата на фудбалските шампиони. Тоа го потврди и шпанскиот тренер на клупата на „граѓаните“. „За жал, останавме без Кевин. Другите играчи се вратија во добра здравствена состојба. Мислам дека Кевин нема да…

Read More

Ракометарите на Вардар го совладаа Фленсбург во СЦ Јане Сандански со 31:26 и ги освоија првите бодови во новата сезона во Лигата на шампионите. Стојанче Стоилов одигра одличен меч со осум голови додека Дисингер и Јотиќ постигнаа по четири. Треба да се одбележи и играта на крилата,  Дибиров и Чупиќ, кои го завршија дуелот со по три гола. Кај гостите од Германија кои по трите победи го претрпеа првиот пораз во групната фаза, се издвоија Јохансен со 7 голови и Јондал со 4. „Црвено-црните“ во наредното коло ќе играат повторно на домашен терен и тоа против екипата на Порто која…

Read More

Новото засилување на Арсенал, Томас Парти, е подготвен да дебитира за лондончани на саботното дерби против Манчестер Сити. Тоа го најави менаџерот на „топџиите“ Микел Артета. „Парти ќе мора многу брзо да се прилагоди. Тој сака да игра, но, ќе видиме в сабота. Гледам ентузијазам околу неговото доаѓање. Навивачите се многу среќни. Видов многу позитивни реакции“ – нагласи шпанскиот тренер по што се обиде да ја искоментира и одлуката да го остави Месут Озил надвор од списокот за Лигата на Европа. „Тоа беше тешка одлука која моравме да ја донесеме затоа што имаме премногу странски играчи. Тој не е единствениот…

Read More

Каталонскиот весник – „Мундо Депортиво“ пишува дека Барселона во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ги ангажира Давид Алаба и Пол Погба. Репрезентативецот на Австрија влезе во последната година од договорот со Баерн Минхен и најверојатно нема да го продолжи. Во исто време и Французинот во редовите на Манчестер Јунајтед не може да најде заеднички јазик со челниците на тимот за продолжување на соработката. Според наведеното, Барселона сака да го ангажира и поранешниот играч на Реал Мадрид, Ди Марија, кој сега ги брани боите на францускиот ПСЖ.

Read More