Author: dino

Нашите најдобри одбојкари го дознаа распоредот за квалификациите за место на Европското првенство во 2021 година. На првиот турнир во Данска на 8 јануари ќе играат: Босна и Херцеговина – Турција (16 часот) и Данска – Македонија (19 часот). На 9.јануари двојките се: Турција – Македонија (16 часот) и Босна и Херцеговина – Данска (19 часот). На 10.јануари ќе се сретнат Македонија – Босна и Херцеговина (16 часот) и Турција – Данска (19 часот). Вториот турнир во групата „Ц“ ќе се реалзира во нашава земја. На 15.јануари: Данска – Турција (17.30 часот) и Македонија – Босна и Херцеговина (20.30 часот).…

Read More

Властите во Португалија најавија можна одлука за стопирање на спортските настани ако пандемијата со Ковид-19 го задржи истиот интензитет. Во земјата секој ден се зголемува бројката на заболени а со тоа се наметнува дилемата дали ќе се реализира последната трка во Мото ГП закажана за 22 ноември. Минатата недела во Португалија се одржа трка во првенството на Формула 1 а по неа 14 членови на тимовите биле позитивни на Ковид-19.

Read More

Александар Царчев кој работи со голманите: Митревски, Томовски и Кизиќ во нашата машка ракометна репрезентација, објави по пат на социјалните мрежи дека е позитивен на ковид-19. Тој во наредниот период ќе биде во изолација и нема да може да се вклучи во подготовките за претстојните квалификациски дуели. Македонија на 4 ноември ќе ја пречека Финска а три дена потоа ќе оди на гости во Швајцарија.

Read More

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, проценува дека може да поминат дури 15-20 години  додека титулата од Англија да се врати на „Олд Трафорд“. „Црвените ѓаволи“  последен пат ја освоија  Премиер лигата во 2013 година кога си замина легендарниот тренер, Алекс Фергусон. „Јунајтед има ресурси и играчи за големи успеси, но, ги имаше и Ливерпул па минатата сезона ја освоија првата титула по 1990 година“ – изјави Велшанецот кој ги бранеше боите на Манчестер Јунајтед од 1990 до 2014 година.

Read More

Челниците на Ливерпул соочени со тешката повреда на фудбалерот Вирџил ван Дајк кој имаше операција на  вкрстените лигаменти, експресно ќе се обидат да пронајдат негова замена. Според дел од медиумите, трансферна цел на тренерот, Јирген Клоп, е дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали. Токму затоа клубот од „Енфилд“ е подготвен да издвои неверојатни 100 милиони евра и во наредниот летен трансфер период  да го обезбеди потписот на корпулентниот играч. Кулибали во претходниот преоден рок беше трансферна цел на повеќе клубови, но,  италијанците не сакаат да го пуштата за сума помала од 100 милиони.

Read More

Ракометната федерација  реши да ги стави во митување сите активности поради новите општи протоколи за организација на спортски натпревари во услови на пандемија на Ковид-19. РФМ досега во целост ги покриваше тестирањата на екипите и тоа по принципот еднаш седмично. Сега со новите протоколи тоа е невозможно бидејќи е предвидено тестирање пред секој натпревар. Ракометната федерација соочена со новите протоколи објави дека набрзо ќе донесе одлука кога и како ќе продолжат натпреварите.

Read More

Бразилскиот фудбалски интернационалец, Вилијан, кој се пресели во редовите на Арсенал вели дека му се допаѓа работата на тренерот, Микел Артета. „Тоа е ново искуство за мене. Никогаш не сум работел со тренер со такво размислување. Вежбаме позиционен фудбал, но, тоа не значи дека немате слобода на теренот “ – вели Вилијан. „Мора да ги следите упатствата на менаџерот, Артета секогаш вели „почекај малку, топката ќе ти дојде“. Во последно време научив многу“ – нагласи црномурестот играч кој го чека првиот гол во дресот на „топчиите“.

Read More

Во текот на викендот конечно ќе започне новата сезона во Првата кошаркарска лига. Ждрепката одреди уште во првото коло да го имаме вечноот дерби Работнички-МЗТ Скопје. Дуелот е закажан за в недела од 18:00 часот а големо изненадување е тоа што ќе се игра во домот на Работнички салата „Градски Парк“ иако е познато дека таа не ги исполнува условите. На другите терени ќе се сретнат: АКАДЕМИЈА ФМП – ГОСТИВАР , ТФТ- КУМАНОВО ,  КОЖУВ -ПЕЛИСТЕР , МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА – ЕУРО НИКЕЛ , ВАРДАР – ЦРН ДРИМ. Сите мечеви на стартот на сезоната ќе бидат одиграни без публика.

Read More

Фабио Капело, поранешниот тренер на Јувентус,  остро ја критикуваше играта на Старата дама на вчерашниот меч со Барселона во Лигата на фудбалските шампиони. Искусниот стратег имаше само пофални зборови за шпанскиот состав. „ Барселона пријатно ме изненади. Фудбалерите на Куман беа импресивни, можеа да постигнат осум голоови а не само два“ – вели Капело. „Меси исто така имаше значајна улога во победата а неговиот соиграчи покажаа квалитет“ – нагласи некогашниот тренер на Јуве.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, во интервју за „Суперспорт“ говореше што се случува во селекцијата пред историскиот меч со Грузија за пласман на Европското првенство. „Јас сум Албанец и никој не ми го негира тоа, со гордост играм за Македонија. Во ниту еден момент не сум помислил дека сум направил грешка со одлуката да настапувам за македонската репрезентација“ – потенцираше македонскиот фудбалер. „Сите сме тука со иста цел, да го добиеме мечот со Грузија и да го направиме тоа што досега не се случило во македонскиот фудбал“ – вели Барди во интервјуто за „Суперспорт“.

Read More