Author: dino

Екипата на Јувентус вчера го совлада Фeренцфарош со 2:1 во рамките на 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони а Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерска серија гледано во елитната конкуренција. Имено, играчот на Јуве кој донесе изедначување за „старата дама“, во 16 сезони успева да постигна барем по еден погодок. Роналдо прв пат се запиша во листата на стрелците во 2005. година кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед а голгетерската серија ја продолжи на „Сантијаго Бернабе“ бранејќи ги боите на Реал Мадрид.

Read More

Бранителот на пехарот  Баерн (Минхен) сигурно чекори и во новата сезона во ЛШ. Баварците доколку денеска победат против РБ Салцбург,  во групата „А“, ќе го заверат пласманот во 1/8 финалето. Средбата во Германија ќе започне во 21.00 часот а ќе ја води Гринфилд од Израел. Домашниот тренер ќе ги нема Дејвис, Шуле, Толисо, Кимих , Тилман и Сар додека во редовите на Салцбург ќе отсуствуваат : Дака и Окагава додека под знак прашалник е настапот на Јонузович. Во вториот меч во групата исто така во вечерниот термин Атлетико Мадрид ќе му биде домаќин на Локомотив Москва. Мечот во Шпанија е…

Read More

Денеска од 13 часот на 4 стадиони во нашава земја ќе бидат одиграни четвртфиналните дуели од фудбалскиот Куп. Бидејќи се игра само по еден меч, победниците од денешните „прволигашки“ пресметки ќе си обезбедат место во претпоследниот филтер пред големото финале. Дербито ќе биде во Кратово меѓу Силекс и Шкендија. Тука е се  отворено со оглед на квалитетите на двата тима. Македонија Ѓорче Петров ќе ја има улоgата на фаворит на стадионот на Беласица во Струмица додека Шкупи не би требало да има проблеми против Академија Пандев со оглед на моменталните позиции гледано во првенството. Интересна битка се очекува на дуелот…

Read More
NBA

Бам Адебајо ќе остане во редовите на Мајами и во наредните 5 години откако се согласи да ја продолжи соработката со нови поповолни услови пред се од финансиска гледна точка. 23-годишниот кошаркар во наредниот период може да инкасира околу 195 милиони милиони долари вклучувајќи ги предвидените бонуси. Тие се однесуваат на неговиот ефект или доколку во 2021 година успее да влезе во топ 5 во НБА лигата, доколку биде прогласен за најдобар одбранбен или најкорисен играч, тогаш ќе стигне до максимална заработувачка.

Read More

Фудбалерите на Јувентус по вчерашната победа против Ференцварош во 4 рунда во групната фаза, на две кола до крајот си обезбедија место во елиминацискиот дел во Лигата на шампионите. „Старата дама“ славеше со минимални 2:1 а тренерот, Андреа Пирло, вели дека е задоволен само од резултатот бидејќи неговите избраници не ги исполниле очекувањата. „Очекував повеќе од моите фудбалери иако Ференцварош одигра борбен меч.Главен проблем беше нашето бавно движење посебно кога ја имавме топката“ – изјави по дуелот во Торино тренерот на домаќините.

Read More

Ракометарите на Вардар доцна вечер од 20.45 часот ќе се појавата на теренот на Киелце во нов меч од групната фаза во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ кои претходно загубија дома од претставникот на Полска, веруваат дека може да направат изненадување кај лидерот во групата. Покрај мечот Киелце-Вардар денеска ќе бидат одиграни уште две средби во елитата на Европа. Од 18.45 Веспрем ќе биде домаќин на Алборг додека од 20.45 часот Целје ќего пречека Нант.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави на социјалните мрежи дека МВП за првите натпревари во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2022 е избран македонскиот ракометар Кире Лазаров. Македонија триумфираше против Финска со 33-24, а потоа и против Швајцарија на гостински терен со 25-23. нашиот капитен постигна вкупно 17 голови „Годините немаат ефект на кралот“, напишаа од ЕХФ.

Read More

Двократниот светски шампион на патеката 100 метри слободен стил, Филипо Манини, објави дека по три години пауза ќе се врати на акткивностите во базенот. 38-годишниот пливач сака да биде дел од  Олимписките игри во Токио кои беа преместени во 2021 година поради ситуацијата со КОВИД-19. Италијанецот го најави неговото враќање преку социјалните мрежи. Тој постираше видео од активностите во Милано со неговиот тренер, Клаудио Розето.

Read More

Реакциите на Оле Гунар Солсјаер и на Јирген Клоп во врска со термините кога се пренесуваат мечевите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ги изненадија директорите на телевизиите кои ги имаат правата за Премиер-лигата. Норвежанецот се пожали дека неговиот тим мораше да игра во саботата од 12:30 часот по локално време откако претходно во средата во вечерниот термин гостуваше во Истанбул. Клоп,  пак, ја обвинува Лигата дека не ги поддржува клубовите. Шефовите на Скај Спорт и БТ Спорт, веднаш се обидоа да објаснат дека тимовите имаат право да бараат промена, но, тоа досега не го направиле.

Read More

Фудбалскиот состав на Ливерпул по 70 години го напушти тренинг центарот Мелвуд и се пресели во новиот модерен објект во Киркби.  Тоа крајно емотивно го доживеа тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, кој во последните 5 години имаше повеќе причини за радост. „Навистина измешани емоции, навистина имам измешани чувства. Среќен сум што одиме во Киркби бидејќи знам што не чека, но, тажен сум што го напуштаме Мелвуд“ – вели Клоп. „Навистина многу ќе ми недостасува Мелвуд кој има посебно место во моето срце, секогаш ќе биде значаен дел од мојот живот, – порача Клоп.

Read More