Двократниот светски шампион на патеката 100 метри слободен стил, Филипо Манини, објави дека по три години пауза ќе се врати на акткивностите во базенот.
38-годишниот пливач сака да биде дел од Олимписките игри во Токио кои беа преместени во 2021 година поради ситуацијата со КОВИД-19.
Италијанецот го најави неговото враќање преку социјалните мрежи. Тој постираше видео од активностите во Милано со неговиот тренер, Клаудио Розето.

