Британецот, Луис Хамилтон, со болидот на Мерцедес забележа нова победа откако беше најбрз на трката возена за Големата награда на Бахреин.
Истата имаше три г инцидента кои за среќа завршија без последици по инволвираните. Интересно е тоа што и два ги предзвика рускиот возач Данил Квјат, кој прво удри во болидот на Ромен Грожан кој експлодираше а потоа на речиси идентичен начин го предизвика и вториот инцидент со Строл преку контакто со гумите. Третиот инцидент се случи кога се запали моторот на Серхио Перез.
Трката продолжи до крајот со безбедносното возило. Британецот успеа да победи пред Макс Ферстапен, и Алекс Албон од Ред Бул. Бодови уште освоија и Норис, Саинц, Окон, Гасли, Рикардо, Ботас и Леклер.

