Author: dino

Самуел Умтити кој нема ниту еден настап за Барселона во тековнава сезона, може да добие понуда да го облчече дресот на Јувентус. Челниците на Барса се подготвени да се разделат со францускиот интернационалец кој им претставува товар поради високите примања. Медиумите тврдат дека трансферната сума на црномурестиот фудбалер е скромни 15 милиони евра што не  би требало да биде проблем за „старата дама“ која се обидува да пронајде наследник на ветеранот, Џорџо Киелини, кој ја игра последната сезона.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд,  поради повреда заработена на мечот со ПСЖ во Лигата на фудбалските шампиони, може да го пропушти дуелот од 11-то коло во Премиер лигата против Вест Хем закажан за 5 декември во Лондон. Тоа го најави тренерот на „црвените ѓаволи “, Оле Гунар Солскјер. „Маркус има мал проблем со рамото. Се надеваме дека ќе се опорави и ќе игра против Вест Хем иако нема гаранции за тоа„ – потенцираше стратегот од Норвешка. 23-годишниот фудбалер од „Олд Трафорд“ во тековнава сезона одигра 16 натпревари на кои реалзираше девет голови.

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езѓан Алиоски, кој ја одработува последната сезона во дресот на Лидс, најверојатно ќе добие продолжување на соработката. Тој од јануари може да преговара со други екипи, но, судејќи според неговите зборови, има тенденција да остена и понатаму во редовите на англискиот состав кој е дел од најсилната фудбалска конкуренција на Островот. Алиоски кој го облече дресот на Лидс во летото во 2017 година, досега одигра преку 140 мечеви со ефект од 20 погодоци и 16 асистенции.

Read More

Младиот боксер Ардијан Аземи кој освои бронза на Европското првенство во Будва ќе биде награден со 100.000 денари од Град Скопје. Македонскиот репрезентативец кој имаше блескав настап во Црна Гора, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје. „По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските…

Read More

Капитенот на нашата најдбра фудбалска реперзентација, Горан Пандев, во интервју за – „Моцартспорт“, се осврна на историскиот пласман на Европското првенство. „Добро е за Македонија, за нашата репрезентација…прв пласман на едно големо натпреварување е круна на мојата кариера“ – вели Пандев кој се насочи и кон пандемијата со ковид-19 и противниците на ЕП. „Пред се сакам да се заврши пандемијата. Да има публика на стадионите, така би имале голема поддршка од нашите навивачи. Реално ние сме аутсајдери и немаме што да изгубиме. Првите два натпревари со Австрија и Украина ни се значајни“ – вели Пандев.

Read More

Нашиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, кој ги брани боите на Мајорка, вели дека не може да се опише како се чуствувал кога Македонија обезбеди место на Евро-шампионатот. „Сон на секој фудбалер е да биде дел од големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата која успеа по прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на ЕП и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ“ – вели Трајковски. „Мислам дека поседуваме одличен квалитет. Верувам  дека ќе бидеме пријатно изненадување на ЕП“ -истакна Трајковски за „Хотспорт. рс“.

Read More

Со денешните 8 средби ќе заврши 5 коло во групната фаза во Лигата на фудбалските шампиони. Гледано според табелите, три екипи денеска имаат шанса да обезбедат учество во 1/8 финалето и да им се придружат на Баерн (Минхен), Манчестер Сити, Челзи, Севилја, Барселона, Јувентус , Ливерпул и Порто кои ќе презимат во Европа. Во групата Е, Севилја и Челзи се сигурни учесници во елиминациите и во директна пресметка ќе решат за првото место. Краснодар и Рен ќе се борат за 3. позиција која дава шанса да се продолжи во Лигата на Европа. Групата „Ф“ е многу изедначена. Борусија (Дортмунд) има…

Read More

Менаџерот на  фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, може да испрати понуда за играчот на Сасуоло,  Марко Ферари, тврдат денеска дел од медиумите. Иако англискиот состав ги има во дефанзивната линија Тоби Алдервеиде, Давинсон Санчез, Ерик Даер, Роден и Танганга, Португалецот сака да обезбеди уште еден искусен играч. Затоа Мурињо го посочил 28-годишниот Ферари како одлична опција за засилување на одбраната. Тотенхем планира да испрати понуда од околу 20 милиони евра за Ферари кој е стандарден во првата постава на Сасуоло.  Тој од почетокот на сезоната има 9 натпревари и 2 асистенции во Серија „А”.

Read More

Возачот во Формула 1, Ромен Грожан, кој беше хоспитализиран по трката во Бахреин поради изгореници на прстите,  денеска ја напушти болницата. По инцидентот, кој ја одложи трката за речиси 80 ​​минути, Грожан беше пренесен во Воената болница во главниот град на Бахреин, Манама. Тој сега заедно со тимот ќе остане во Бахреин и ќе се подготвува за Абу Даби. Самиот возач нагласи дека сака да се врати во болидот иако последниот збор ќе го имаат лекарите. Грожан сепак ќе мора да ја прескокне викенд трката во Сахир. Неговото место ќе го заземе Пјетро Фитипалди.

Read More

Реал Мадрид вчера доби нова шлаканица од Шахтјор во 5 коло во Лигата на фудбалските шампиони. Украинците по втор пат во групата славеа против шпанскиот тим и останаа во конкуренција за првите две места што носат пламсна во фазата на елиминации. Францускиот стратег на клупата на „белите“, Зинедин Зидан, кој не крие дека е разочаран од играта и резултатот, вели дека нема намера да поднесе оставка. „Поминуваме нив лош период, но, мора да гледаме напред. Бевме добри во првиот дел. Но, не постигнавме погодок. Има уште еден меч, ќе одиме на победа. Нема да поднесам оставак“ – потенцира Зидан.

Read More