Author: dino

Претседателот на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, најави дека Давид Алаба може да потпише нов договор со клубот иако сегашните преговoр стојат во место. „Нормално е дека големите екипи сакаат да го купат Алаба. Тој сам ќе мора реши дали ќе остане кај нас или ќе ја промени средината“ – потенцираше Румениге. Познато е дека репрезентативецот на Австрија бара драстично зголемување на платата (23 милиони)  колку што добива Левандовски. Челниците, пак, на Баварците му нудат максимална добивка од 16 милиони по сезона вклучувајќи ги и бонусите. Алаба има договор до јуни во 2021 година.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани, кој се вбројува меѓу најдобрите напаѓачи во светот, откри дека во минатото имал понуди од Јувентус и Интер, но, се определил да го носи дресот на Наполи. „Секогаш ќе му бидам благодарен на Наполи. Поради таа причина одбив многу италијански клубови вклучувајќи го тука Јувентус кој често ми се јавуваше и луѓето од Интер“ – вели Уругваецот. „Знам дека направив многу за Наполи и дека ме почитуваат“ – нагласи напаѓачот на „црвените ѓаволи“.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека првиот голгетер во тимот, Серхио Агуеро, нема да биде меѓу стартерите на дербито со Манчестер Јунајтед. Аргентинецот на вчерашниот меч во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј влезе во игра во 67 минута и успеа да погоди во мрежата на Французите. „Неговиот инстинкт за гол, неговата одлична реакција беше очекувана. Тоа сега е најзначајно“ – изјави Гвардиола.

Read More

Жорди Фаре, кој се наметнува како кандидат за претседателската позиција во фудбалскиот состав Барселона, даде ветување дека ќе го натера Лео Меси да остане во тимот доколку ја добие поддршката од собранието. „Меси сака да остане во Барса и ние ќе работиме на тоа. Тоа можам да го ветам“ – вели Фаре кој се насочи и кон евентуалното враќање на Нејмар. „Мислам дека лсно ќе го купиме Нејмар, тоа ќе биде добра инвестиција“ – потенцираше Фаре.

Read More

Кошаркарската федерација денеска зад затворени врати поради мерките за заштита од Ковид-19, го реализираше годишното собрание. -Согласно дневниот ред, на редовната седница на која присуствуваа 27 делегати, се „поминаа“ сите предвидени точки. Откако со минута молчење им беше оддадена почест на прерано починатите кошаркарски работници, Собранието ги усвои сите записници од вонредните дописни седници одржани помеѓу оваа седница и онаа изборната во минатата календарска 2019 година. Беше прегледан, и усвоен и финансискиот извештај за изминатата година. Финална точка на дневниот ред беше техничка, промена на седиштето на Федерацијата со промена на член 5 од Статутот на КФСМ односно промена на…

Read More

Денеска кај нас беа одиграни мечевите од 16. коло во прволигашката фудбалска конкуренција.Еве ги постигнатите резултати: Академија Пандев – Борец     2-1 Македонија ЃП – Пелистер      2-1 Работнички – Ренова               3-1 Шкендија – Беласица               2-0 Шкупи – Вардар                        1-1 Силекс – Струга Т&Л                0-0 ТАБЕЛА: Шкендија 36 бода, Шкупи 32, Македонија ЃП 32, Борец 22, Силекс 22, Струга Трим Лум 22, Работнички 21, Вардар 21, Ренова 15, А. Пандев 14, Пелистер 12, Беласица 9.

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Лестер започнале интензивни преговори за продолжување на соработката со дефанзивецот, Џони Еванс, пренесува денеска – „Скај Спортс“. 32-годишниот репрезентативец на Северна Ирска е задоволен од престојот кај „лисиците“ и има намера да потпише нов договор. Тој се пресели во Лестер од Вест Бромвич Албион во летото во 2018 година. Еден од главните играчи во одбраната на англискиот состав има реалзирано 10 натпревари во тековнава сезона.

Read More

Двократната светска шампионка во уметничко лизгање, Евгенија Медведева, нема да учествува на рускиот шампионат во Чебљанск кој ќе се реалзира од 24 до 26 декември, соопшти денеска Руската федерација. 21-годишната натпреварувачка го пропушти Гран При митингот во Москва поради здравствени проблеми а исто така не успеа да учествува во неколку фази на Купот на Русија поради болки во грбот. Медведева е двократен олимписки вице-шампион од Пјог Чанг во 2018 во индивидуалната програма како и двократен светски и европски шампион и двократен финалист во Гран При серијата.

Read More

Натпреварите од Светскиот куп во нордиско скијање што треба да одржат во шведското одморалиште Улрикем во јануари, се пролонгирани за февруари поради пандемијата со Ковид-19. Новите термини се 6 и 7 февруари или само една недела откако ќе започне сезоната во Фалун на 30/31 јануари. Тоа значи дека сите учесници во дисциплините во Фалун нема да ја напуштат Шведска и ќе заминат за Улрикем. Трките, пак, во крос-кантри, ќе бидат реализирани догодина на 23/24 јануари  во Лахти (Финска), соопшти ФИС.

Read More

Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон е уверен дека убедливата победа против Барселона со 3-0 на гостински терен ќе им даде самодоверба на „бјанконерите“ за новите натпревари во Лигата на фудбалските шампиони. 42-годишниот голман во неколку наврати успеа да спречи опасни шутеви кон неговиот гол упатени пред се од големата ѕвезда на Барса, Лео Меси. „Ние не дојдовме како фаворити, но, победивме со 3:0. Одигравме неверојатен натпревар, фантастичен. На патот ќе имаме подеми и падови, тоа треба да се издржи“ – нагласи Буфон.

Read More