Двократната светска шампионка во уметничко лизгање, Евгенија Медведева, нема да учествува на рускиот шампионат во Чебљанск кој ќе се реалзира од 24 до 26 декември, соопшти денеска Руската федерација.
21-годишната натпреварувачка го пропушти Гран При митингот во Москва поради здравствени проблеми а исто така не успеа да учествува во неколку фази на Купот на Русија поради болки во грбот.
Медведева е двократен олимписки вице-шампион од Пјог Чанг во 2018 во индивидуалната програма како и двократен светски и европски шампион и двократен финалист во Гран При серијата.

