Интер утре го очекува дерби мечот со Наполи а тренерот на „нероаѕурите“, Антонио Конте, вели дека тоа ќе биде само еден од повеќето кои ќе решаваат околу Скудетото во фудбалска Италија. „Многу тимови ќе се обидат да ја освојат титулата, сепак, на крајот само еден ќе успее. Во последните девет години, Наполи беше најголемиот ривал на Јувентус, сега ние го зазедовме нивното место„ – вели Конте. „Треба да најдеме рамнотежа и да ги заборавиме другите. Нашиот ефект на теренот е значаен. Не сакам да размислувам дека треба да ја освојам Серија „А“ – потенцираше Конте на средбата со новинарите.
Author: dino
Италијанскиот фудбалски состав, Рома, објави дека ја продолжи соработката со 18-годишниот лев бек, Рикардо Калафиори, до летото во 2025-та година. Тинејџерот кој потекнува од школата на „волчицата“ дебитираше кај сениорите во тековнава сезона. Тој одигра три средби и постигна еден гол. „ Неверојатно сум среќен. Тоа е значаен чекор за мене, го сонував уште како дете. Ми значи многу. Тоа се однесува на секое момче што работи во академијата и сонува да влезе во првиот тим“ – изјави Калафиори за веб-страницата на клубот.
Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, верува дека тимот ќе ја надмине сегашната ситуација и дека ќе влезе во победнички ритам. Шпанецот е свесен дека треба да направи одредени промени. „Сакам да верувам дека моменталната ситуација ќе се промени. Факт е дека губиме натпревари и тоа мора да престане. Треба да започнеме да победуваме“ – вели Арета. „Знаеме дека не ги остваруваме целите кои ги поставивме пред почетокот на сезоната. Сега треба да бидеме храбри и да се бориме “ – изјави менаџерот на „топџиите“ кои се наоѓаат дури на 15-то место по 12 одиграни кола во Премиер лигата.
Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е импресиониран од работата на Жозе Мурињо во Тотенхем. Двата тима ќе се соочат утре во пресметка за врвот во Премиер лигата. „Начинот на кој тие играат е многу добар. Контра-нападот не е нивната единствена стратегија. Тоа што го направи Мурињо во Тотенхем е многу импресивно. Тој ги претвори во машина за добри резултати” – изјави германскиот тренер. „Ако се обидете да ги запрете Сон и Кејн, другите ќе ве удрат. Тотенхем е закана секоја секунда и од секоја страна. Бергвајн игра клучна улога во контрите. Ндомбеле е активен постојано а…
Неколку атрактивни мечеви не очекуваат во првата фаза на елиминации во Лигата на Европа. 32-екипи меѓу кои влегуваат и тие што испаднаа од ЛШ ќе се борат за влез во 1/8 финалето. Еве ги двојките: Волфсбергер-Тотенхем, Динамо Киев-Бриж, Реал Сосиедат-Манчестер Јунајтед, Бенфика-Арсенал, Црвена Ѕвезда-Милан, Ројал Антверп-Глазгов Ренџерс, Славија Прага-Лестер, Салцбург-Вилјареал, Брага-Рома, Краснодар-Динамо Загреб, Јанг Бојс-Баер Леверкузен, Молде-Хофенхам, Гранада-Наполи, Макаби Тел Авив-Шахтјор, Лил-Ајакс, Олимпијакос-ПСВ Ајнтховен. Првите натпревари од 1/16 финалето ќе се играат на 18 февруари а реваншите се закажани за 25 февруари.
Поранешниот француски тренер,Жерард Улие, кој остави посебен белег во англискиот Ливерпул, почина на 73-годишна возраст, објавија медиумите низ Европа. Тој пред неколку дена имаше операција на срцето. Улие во 2001 година успеа со „црвените“ во една сезона да освои 5 пехари – Купот на УЕФА, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Супер-купот на Европа. Улие во еден период беше селектот на Франција а последниот тим во кој работеше беше Лион во 2011 година.
Денеска беа формирани двојкитеза првиот елиминациски филтер во Лигата на фудбалските шампиони. Борусија Менхенгладбах ќе игра со Манчестер Сити, Лацио ќе го пречека Баерн Минхен, Атлетико Мадрид ќе излезе на мегдан со Челзи. РБ Лајпциг ќе му биде домаќин на Ливерпул, Порто на Јуве а Севилја на Борусија Дортмунд. Аталанта ќе ги одмери силите со Реал Мадрид додека во дербито Барселона ќе игра со ПСЖ. Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се играат на 16/17 и 23/24 февруари а реваншите се закажани на 9/10 и 16/17 март.
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Андреа Пирло, го пофали Пауло Дибала кој успеа да се запише во листата на стрелците на вчерашното гостување кај Џенова. „Старата дама“ со победата од 3:1 се доближи на 4 бодови до лидерот Милан кој има 27 бодови. Во врвот се уште и Интер со 24 бода и Наполи кој има 23 бода колку и Јуве. „Се соочивме со тим кој навистина се бранеше многу добро. Затоа моравме да бидеме трпеливи и истовремено да притискаме агресивно. На Пауло му требаше тој гол. Тој се прилагоди многу добро во двете фази од играта, одбраната и нападот, …
Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, кој ја доби борбата со Ковид-19 вели дека вирусот оставил сериозни последици по неговото здравје. „Ковид-19 не е шега бидејќи има луѓе кои го губат животот поради вирусот. Не се чувствувам добро, но, среќен сум што сум жив“ – изјави седумкратниот светски шампион во Формула 1 кој најави дека ќе остане во Мерцедес. „Планирам да бидам тука, се надевам дека набрзо ќе започнат преговорите и дека ќе потпишеме договор пред Божиќ“ – нагласи Хамилтон.
Тенисерот од Швајцарија, Роџер Федерер, кој имаше две операции на левото колено во почетокот на годинава, изјави дека не може да тренира според предвиденото и дека не е подготвен да игра на највисоко ниво. „Се надевав дека ќе бидам стопроценти подготвен во октомври, но, еве и до денес не сум. Ќе продолжам со лекување. Не знам дали тоа ќе се промени до Австралија опен” – изјави Федерер за швајцарските медиуми. Огранизаторите на првиот Грен Слем во 2021 година на терените во Мелбурн најавија дека турнирот ќе се реализира од 18-31 јануари, но, постојат одредени шпекулации дека може да се одложи…
