Втората веле-слаломска трка од Светскиот куп во алпско скијање која требаше да се реалзира денеска во италијанското зимско одморалиште, Санта Катерина е презакажана за утре поради лошите временски услови.
Имено, обилните снежни наноси го оневозможија одржувањето на настанот по што организаторите го одложија за 24 часа, соопшти Интернационалната скијачка федерација – ФИС.
Ќе потсетиме дека Хрватот, Филип Зубчиќ, успеа да победи вчера во првата сезонска трка пред Жан Кранец (Словенија) и Марко Одермарт (Швајцарија). Во светското рангирање по три трки, води Пинтуро пред Зубчиќ и Одермарт.

