Author: dino

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини во последното интервју откри како стојат позициите во однос на договорот на селекторот, Игор Ангеловски, кој успеа да направи историски успех и заедно со фудбалерите да обезбеди пласман на Европското првенство. „Договорот со Игор Ангеловски ќе истече на 31 декември. Практика е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме по Нова година.“ – вели Сејдини. Македонија си обезбеди место на Континеталниот собир откако успеа да победи во финалето во Лигата на Нации.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Дани Себалјос, нема намера да се врати во Реал Мадрид додека Зинедин Зидан таму ја извршува улогата на главен тренер, пренесуваат дел од медиумите. 24-годишниот Шпанец кој игра на позајмица во Арсенал се наоѓа на платниот список на „белите“. Тој бидејќи има многу лоши односи со Зидан, не сака да се врати на „Сантијаго Бернабе“. Во исто време, се шпекулира дека Арсенал не е подготвен да му го откупи договорот бидејќи од почетокот на сезоната има само една асистенција на 13 натпревари во Премиер-лигата.

Read More

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој се етаблираше како лидер на теренот, ги подигна надежите кај фановите со објавата на Инстаграм. Во специјално видео, Холанѓанецот покажува како вежба во теретана во новата база на клубот. Дефанзивецот кој ги повреди лигаментите на коленото во октомври и ќе паузира подолг период, не крие дека постои надеж дека ќе се врати на терените пред крајот на шампионатот. Токму на тоа се надеваат и навивачите на „црвените“ кои на видеото можеа да го прочитаат и текстот- „Чекор по чекор“

Read More

Руската тенисерка Светлана Кузнецова која е двократна победничка на грен слем турнирите, проговори за плановите околу претстојните новогодишни и божиќни празнувања. „В пресрет на Новата година, мешаницата се зголемува секој ден! Да бидам искрена, планирав да одлетам за Австралија и да го избегнам сообраќајниот метеж барајќи подароци“ – напиша Кузнецова. „2020 година е непредвидлива и јас останувам дома што исто така е добро. Затоа побрзајте да купите изненадувања за пријателите и семејството“ – напиша Кузнецова на социјалните мрежи.

Read More

Некогашниот наш ракометен репрезентативец, Наумче Мојсовски, кој неодамна беше именуван за Директор на Агенцијата за Млади и Спорт, објави дека е позитивен на ковид-19. „Драги пријатели. Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор “ – соопшти Мојсовски. Тој на функцијата го наследи Дарко Каевски кој беше избран за пратеник во Собранието.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги прокнижија првите бодови на стартот на новата сезона во СЕХА лигата. Избраниците на Бабиќ денеска во Битола славеа против српскиот состав Металопластика со 30 спрема 26 иако гостите имаа предност по првиот дел. Кај домаќинот најпрецизен беше Периќ со осум голови пред Мандалиниќ со шест, Стјепановиќ со 5 и Кушан со 4. Во редовите гостинскиот тим во поглед на реалзиација се издвои Бабиќ со седум голови додека Иваниќ, Тодоровиќ и Брајовиќ постигнаа по четири.

Read More

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, има поголема минутажа од било кој друг професионален фудбалер во 2020 година, покажува студијата на фудбалската опсерваторија ЦИЕС. 27-годишниот англиски репрезентативец има 4745 минути на теренот до 17 декември. Втор со 401 минута помалку е дефанзивецот Рубен Дијас од градскиот ривал Манчестер Сити додека трет е Лионел Меси од Барселона со вкупно 4293 минути. Јунајтед има тројца играчи во топ 10 според статистиката. Бруно Фернандеш е четврти со 4164 минути а дефанзивецот Виктор Линделоф е седми. Интересно е тоа што Мегваер води на листата не само споредено со играчите во поле туку и со…

Read More

Медиумите во Англија објавија дека челниците на Манчестер Јунајтед сакаат да го ангажираат  Мозес Каиседо како замена за Пол Погба доколку Французинот си замине од тимот. Доколку најавите се остварат, тоа значи дека „црвените ѓаволи“ ќе продолжат со стратегијата да купуваат млади фудбалери како што беше случај со Факундо Пелистри од Уругвај и Амад Диао од Аталанта. Каиседо кој игра за тимот на Индепендиенте Дел Вале, може да стане вториот фудбалер од Еквадор кој ќе го носи дресот на тимот од „Олд Трафорд“ по Антонио Валенсија.

Read More

Давиде Балардини го презеде кормилото на италиајнскиот состав Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Тој попладнево го имаше и првиот тренинг. Балардини во три наврати беше на кормилото на Џеновјани. Сега ќе ја има улогата на спасител со оглед на тоа дека екипата е на претпоследното место со само седум бодови од 13 одиграни кола. Според очекувањата, претходниот тренер на Џеновјани, Роландо Маран, доби отказ по поразот од Беневенто.

Read More

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе го пропушти натпреварот против Гранада поради повреда на мускулите на левата нога, пренесуваат шпанските медиуми. Тој се повреди на неделниот натпреварот против Еибар кога беше заменет во 72-та минута. Модриќ на тој меч остави одличен впечаток и успеа да се запише во листата на стрелците. „Кралевиет“ наредниот дуел ќе го одиграат в среда против Гранада.

Read More