Author: dino

Фудбалскиот состав на РБ Лајпциг е подготвен да го продаде Упамекано доколку добие добра понуда, објавија медиумите во Германија. Извршниот директор на клубот, Оливер Минцлаф, отворено изјави дека 22-годишниот централен дефанзивец ќе биде ставен на трансфер листата и дека за него се заинтересирани екипите на: Челзи, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Барселона и Реал Мадрид. „Имаме многу квалитетен состав. Мислам дека тоа е разумен финансиски потег. Кога ќе помислам на Вернер, Куња, Кеита и Деме, јасно е дека заработивме многу пари и напредувавме како тим“ – нагласи Мицлаф.

Read More

Селекторот на нашите најдобри ракометари , Данило Брестовац, ги повика Стојанче Стоилов, Дејан Манасков и Никола Маркоски да се вклучат во подготовките откако ќе го поминат задолжителното тестирање за Ковид-19. Крилото, Гоце Георгиевски, кој го прележа вирусот, нема да се врати во селекцијата бидејќи е надвор од посакуваниот ритам. Избраниците на Брестовац на 10 јануари ќе го одиграат и вториот контролен меч со Чиле во Скопје. Ние се надеваме дека некоја селекција пред се Чешка која има проблеми со заразени ракометари ќе се откаже и дека ќе и го отвори патот на Македонија да замине на Мундијалот во Египет.

Read More

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Антонио Касано, ја коментираше големата моќ што ја има претседателот на клубот, Флорентино Перез. „Реал Мадрид  е различен од сите други. Во моментов, Флорентино е папа, крал и кардинал. Перез ќе одлучи дали ќе останете. Еве Модриќ требаше да замине, но, остана и ја освои Златната топка. Истото беше и со Фабио Канаваро“ – вели Касано. „Пред неколку години, Златан Ибрахимовиќ се пошегува дека Перез секогаш ја освојува „Златната топка “ и дека Меси со бори со него а не со Кристијано Роналдо“ – изјави Касано.

Read More

Унијата на европските ракометари преку писмото испратено до претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, изрази загриженост што ќе има публика на натпреварите на Мундијалот во Египет. Како што објави „ТВ2“ од Норвешка, играчите побарале натпреварите да се играат пред празни трибини и воедно да бидат запознаени со протоколот кој ќе им гарантира безбедност доколку ИХФ остане на идејата да има навивачи. Светското ракометно првенство во Египет ќе се одржи од 13. до 31. јануари под посебни мерки за заштита од Ковид-19.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот клуб Вест Хем, Себастијан Але, кариерата ќе ја продолжи во Холандија во екипата на Ајакс. Клубот дури ја откри и трансферната сума која изнесува 22,5 милиони евра – најголема во историјата на гигантот од Амстердам издвоена за засилување. Договорот на играчот е до летото во 2025 година. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска им се приклучи на „чеканите“ во летото во 2019 година за сума од 50 милиони евра. Неговиот престој во Лондон беше краток. Тој одигра 53 натпревари со ефект од 14 погодоци и 3 асистенции.

Read More

Фудбалскиот тим на Тотенхем преговара со Интер за привлекување на Иван Перишиќ. Лондончани сакаат да го изнајмат до крајот на шампионатот. Хрватот минатата сезона ја помина на позајмица во Баерн, но, во текот на летото се врати во Италија. Сепак, тој не е дел од плановите на Антонио Конте и Интер нема проблем да се раздели од него. Перишиќ има договор со „нероазурите“ до јуни во 2022 година. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, сака да го привлече играчот од средниот ред за да им помогне на Сон и на Кејн во фазата на напад.

Read More

Серхио Ромеро, ќе го напушти Манчестер Јунајтед во текот на зимскиот преоден рок, објави денеска –„Manchester Evening News“ . Според изданието, 33-годишниот голман им ја соопштил одлуката на соиграчите и на луѓето во клубот. Ромеро не крие дека сака да направи трансфер во неговата родна Аргентина во Бока јуниорс. Тој има желба повторно да се избори за место во националниот тим на „гаучосите“. Чуварот на мрежата има договор со „црвените ѓаволи“ до јуни годинава. Тој во тековнава сезона нема одиграно ниту еден меч.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Сет Кари, бил позитивен на КОВИД-19 пред вчерашниот меч со Бруклин Нетс. Тој не се појави на теренот поради болка во левата нога, но, седеше на клупата во текот на првата четвртина бидејќи сè уште не го знаеше резултатот од тестот. Веднаш штом му беше кажано, Кари ја напушти салата и замина во самоизолација. Потоа целиот тим на Филаделфија мораше да остане во карантин во Њујорк и да се подложи на нови тестови за КОВИД-19.

Read More

Напаѓачот на ЦСКА, Адолф Гаич, може да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пренесува „ТВ100“ повикувајќи се на информации од арегнтинските медиуми. Турскиот клуб ја разгледува опцијата за изнајмување на напаѓачот. Претходно беше објавено дека фудбалерот на ЦСКА, Адолфо Гаич е на чекор да се пресели во Бока јуниорс, но, тој веднаш одби да замине во аргентинскиот клуб. Според информациите од Русија, обештетувањето за Гаич е 30 милиони евра.

Read More

Главниот тренер на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе може да го предводи тимот на средбата со Осасуна во 18 коло во Примера Дивизион. Според весникот – „АС“, францускиот специјалист добил одобрение од лигата откако ги поминал два теста за корона-вирус и тие биле со негативен резултат. Ќе потсетиме дека Зидан отиде во самоизолација поради контакт со заразен од КОВИД-19 и мораше да пропушти неколку тренинзи на тимот. Натпреварот Осасуна – Реал Мадрид ќе се одигра утре, 9 јануари, од 22.00 часот на стадионот „Ел Садар“ во Памплона.

Read More