Author: dino

NBA

Новата ѕвезда на Бруклин Нетс, Џејмс Харден, имаше одлична партија со 32 поена, 12 скока и 14 асистенции со што стана првиот играч кој направил „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени во дебитантскиот меч во нов тим. За поранешниот кошаркар на Хјустон Рокетс, сепак, победата значи многу повеќе од личната статистика. „Чувството да се забележи победа во моето деби е одлично. Ќе мора да ги намалам грешките во нападот“ – вели Харден. „Кога имате многу добри играчи околу вас, работите стануваат многу полесни. Статистиката не ми значи ништо, јас сум само среќен што остваривме победа. Се обидувам да го сторам тоа…

Read More

Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ќе му одобрат на тренерот Пеп Гвардиола буџет од дури 250 милиони евра за да може да го засили тимот во текот на летниот трансфер период. Според објавеното од страна на – „Телеграф“, шпанскиот стартег сака да ги ангажира Ромелу Лукаку од Интер, Ерлинг Халанд кој настапува за Борусија Дортмунд и 21-годишниот  Дарвин Нуњез кој е еден од најзабележителните во дресот на Бенфика. Познато е дека Кун Агуеро нема да добие продолжување на договорот и дека уште најмалку 3-4 фудбалери во текот летото ќе си заминат од „Етихад“.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Ливерпул, Мохамед Салах, верува дека неговиот состав може да победи на денешното дерби со Манчестер Јунајтед кое ќе биде одиграно на „Енфилд“ со почеток во 17.30 часот. „Ситуацијата со корона-вирусот многу влијае на екипите. Сите имаат можност да се борат за титулата бидејќи ги нема навивачите на трибините и нема притисок врз фудбалерите“ – вели Салах. „Мислам дека е рано да се зборува кој ќе ја освои титулата во Премиер-лигата. Сакам Ливерпул да ја одбрани одбрани шампионската круна“ – потенцираше фудбалерот на „црвените“.

Read More

Фудбалерите на Милан, Хакан Чалханоглу и Тео Хернадез иако немаат никакви симптоми добиле позитивни тестови на ковид-19 и затоа веднаш се ставени во изолација, објави гигантот од Милано. Сите други фудбалери имале негативни резултати и ќе му бидат на располагање на тренерот, Стефано Пиоли, за утрешното гостување на теренот на Калјари. „Росонерите“ се наоѓаат на првото место во Серија „А“ со три бодови предност пред градскиот ривал Интер кој доцна вечер ќе го одигра дербито со Јувентус.

Read More

Селекторот на нашите ракометари, Данило Брестовац, по тешкиот пораз од домаќинот Египет вели дека неговите избраници не биле доволно подготвени за првите две кола на Мундијалот. „Имавме малку време за подготовка. Двата пораза треба да ни послужат како лекција. Физички не бевме на посакуваното ниво“ – потенцираше Брестовац кој очекува победа во последното коло против Чиле и пласман во втората фаза. „Имаме две победи против Чиле, верувам дека ќе бидеме многу подобри од претходните два меча и дека извлековме поука“ – нагласи нашиот селектор.

Read More

Светската ракометна федерација објави дека  репрезентативецот на Данска, Емил Јакобсен, е позитивен на ковид-19. Тој заедно со неговиот цимер во хотелската соба ќе бидат ставени во изолација и нема да играат на денешниот меч со Бахреин. Воедно ИХФ најави дека од утре ќе стартува секојдневното тестирање на сите учесници на СП. -ИХФ активно ја следи состојбата во врска со КОВИД-19 и континуирано ги подобрува условите.  Затоа е одлучено да се примени нов ритам со PCR тестовите. Сите членови на делегациите како и сите судиите, службените лица и делегатите кои учествуваат на Светскиот шампионат ќе се тестираат за КОВИД-19 секој ден…

Read More

Нашата најдобра судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, денеска ќе ја имаат првата задача на Светското првенство во Египет. Тие се делегирани за дуелот од групата „Б“  меѓу репрезентациите на Тунис и Полска. Кире Лазаров, со головите на вчерашниот меч против Шведска влезе во историјата на Мундијалите бидејќи успеа да постигне погодоци во четири различни децении. Лазаров првенецот го даде во Египет 1999, потоа стрелаше прецизно во Хрватска 2009 година, во Шпанија 2013 година, во Катар 2015 година, Франција 2017 година и во Данска и Германија пред две години. Селекторот на нашите ракометари, Данило Брестовац, по вчерашниот пораз од…

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, открива дека Жозе Мурињо додека седеше на клупата на „Олд Трафорд“ го научил како да реагира за да добива повеќе пенали. „Кога Мурињо ни беше тренер имаше пет-шест ситуации во кои не добив пенал а според мене требаше. Жозе тогаш ми рече: „Доколку не си свесен за ситуацијата и начинот на кој го правиш тоа, тогаш нема да добиеш пенал. Потоа почнавме да добиваме пенали“ – вели Рашфорд. Во тековниот шампионат токму пеналите се омилена тема на неколку тренери во Премиер-лигата кои јавно посочуваат дека Манчестер Јунајтед е во милост кај судиите…

Read More

Германски фудбалски состав Шалке кој до крајот на сезоната ќе се бори да обезбеди опстанок во Бундес-лигата, се одлучи да го врати напаѓачот, Клас Јан Хунтелар, кој ги одработува последните 6 месеци од договорот со Ајакс. Весникот –„Билд“ објави дека поранешниот холандски репрезентативец кој има 37- години, може во тековниов трансфер период да се врати на добро познатата локација. Хунтелар играше за „сините“ од Гелзенкирхен од  2010 до 2017 година. Во тој период на 240 мечеви успеа да постигне  126 голови.  

Read More

Поранешниот двократен шампион, Конор Мек Грегор, е подготвен да му се одмазди на Хабиб Нурмагомедов иако тој побрза да се повлече од професионалните води. За помалку од 10 дена, „озлогласениот“ се враќа во кафезот за да се натпреварува со Дастин Пори на УФЦ 257 во Абу Даби. Во меѓу време Нурмагомедов објави дека се повлекува од ММА на крајот на минатата година откако ја одбрани титулата со победата против  Џастин Гејџ. „Како можете да се пензионирате во такво време? На крајот, секој одлучува сам. Има многу неверојатни битки“ – вели Мек Грегор.

Read More