Англиските медиуми објавија дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, може да ангажира дефанзивен фудбалер до крајот на преодниот рок бидејќи се водат интензивни преговори со тимот на Престон за 25-годишниот, Бен Дејвис. Според наведеното, износот на трансферот ќе биде 2 милиона фунти. Корпулентниот фудбалер во тековнава сезона има одиграно 19 мечеви во Чемпионшип конкуренцијата. Познато е дека „црвените“ останаа без вистински стопер во одбраната откако се повредија: Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Жоел Матип.
Author: dino
Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа го претрпеа петтиот сезонски пораз во Премиер-лигата откако беа совладани на теренот на Брајтон со минимални 1:0. Нивниот тренер, Жозе Мурињо, вели дека резултатот е реален. „Имавме две различни полувремиња. Во првото направивме две грешки а противникот еднаш ја погодија стативата а вториот пат постигна гол“ – потенцираше Португалецот. „Во полувреме се обидувавме но, мислам дека се почувствува и заморот кај моите фудбалери“ – изјави Мурињо за „Скај Спорт“.
Германскиот менаџер на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп ги пофали фудбалерите по тешката победа на теренот на Вест Хем со 3:1 во натпревар од 21-то коло во Премиер лигата. Со новите бодови, неговиот тим останува во трката за шампионскиот пехар. „Одигравме одличен натпревар. Играчите пристапија многу професионално и целосно го контролираа натпреварот. Имавме пред нас сериозен противник“ – вели Клоп. „Во првото полувреме не создадовме многу шанси, но, во вториот дел имавме добра реализација. Вест Хем е многу добар тим кој може да напредува” – потенцираше Клоп.
Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на ПСЖ, Нејмар, кој има договор до летото во 2022 година се определил да ја продолжи соработката со францускиот состав. Според одредени информации, брзоногиот напаѓач сака да остане што е можно подолго на „Паркот на принцовите“ и затоа потенцирал дека нема амбиции да го напушти Париз. „Сакам да останам во Пари Сен Жермен. Навистина сум среќен. Многу работи се променија. Исто така сакам да остане и Килијан Мбапе” – потенцирал Нејмар
Шпанските медиуми прогнозираат дека Зинедин Зидан на крајот на сезоната ќе добие отказ од челниците на Реал Мадрид. „Кралевите“ кои играат крајно променливо и полека заостануваат во трката за титулата во Примера Дивизиона, најверојатно ќе останат без францускиот тренер. Според проценките неколку имиња се наметнуваат да се преселат на клупата на „Сантијаго Бернабе“ а во преден план излегува Масимилијано Алегри. Италијанскиот стратег наводно ја одбил понудата на Рома бидејќи има желба да го води шпанскиот елитен состав.
Турскиот фудбалски состав Галатасарај објави дека обезбедил две квалитетни имиња со кои ќе остане во трката за титулата во домашниот шампионат. Станува збор дефанзивецот на Њуксал, Де Андре Џедлин и играчот за врска на португалската Бенфика, Жедсон Фердандеш. Американецот го раскина договорот со „враните“ и ќе потпише со „лавовите“ до 2024 година. 22-годишниот Португалец ќе биде ангажиран како позајмен фудбалер. Тој последен пат играше за Тотенхем, но, не се етаблираше во тимот на Жозе Мурињо.
Ракометната репрезентација на Данска ја победи Шведска со 26:24 во големото финале на Светското првенство во Египет и првпат во историјата успеа да ја одбрани титулата. Во првиот дел во крајно изедначена игра ниту една од селекциите не успеа да направи предност додека во вториот дел голманот на Данците, Ландин, ја „спушти ролетната“ а неговите соиграчи тоа го искорситија и успеаа да направат солидна предност и на крајот да се израдуваат на титулата. Во победничкиот табор Хансен со 6 и Нилсен со 5 голови беа најефикасни кај „викинзите“ Ване се издвои со 5 погодоци. Микел Хансен втор Мундијал по ред…
Македонската футсал репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство. Нашите претставници денеска загубија со 2:1 на гостувањето во БиХ. Головите за домаќинот ги постигна Јосип Бошковиќ додека голот за Македонија беше дело на Драган Петровиќ. Во вториот натпревар од групата Романија и Србија одиграа 2:2. Во второто коло нашата футсал репрезентацијата ќе и биде домаќин на Романија. Мечот ќе биде одигран на 3. февруари.
Ракометарите на Вардар со победа ја отворија годинава. Тие на првиот официјален натпревар во рамките на СЕХА конкуренцијата славеа денеска против Војводина со 25 спрема 21. Нашиот тим од самиот почеток ја имаше контролата на мечот и сосема заслужено ги прокнижи првите бодови. Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров ги предводеа стрелците со по четири голови додека Младен Шотиќ со шест гола беше најефикасен на средбата. Голманот Ристовски имаше десет одбрани. Вардар наредниот меч во СЕХА лигата ќе го реализира в понеделник во СЦ „Јане Сандански од 20:15 часот против тимот на Нексе.
Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез ќе потпише нов договор со клубот до летото во 2024 година, објави новинарот Николо Скира. Бидејќи сите услови се договорени меѓу агентот на фудбалерот и управата, останува само да се прафира договорот од двете страни. Според наведеното, платата на Мартинез ќе биде 5 милиони евра плус бонуси. 23-годишниот голгетер игра во Интер од 2018 година а неговиот сегашен договор истекува на крајот на сезоната 2022/23. Аргентинецот во тековнава сезона одигра 27 средби во сите конкуренции и постигна 10 голови.
