Тимот на Ферари ќе се врати во битката за титулата во претстојната сезона 2021 година во Формула 1. Според советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко, инженерите на Скудерија успеале да ги „пронајдат“ исчезнатите 50 коњски сили од минатата година.
Италијанците отворено признаа дека драстично заостануваат зад моќта на Мерцедес, Рено и Хонда. Според Марко, ситуацијата целосно ќе се промени во текот на новиот шампионат и Ферари ќе игра голема улога во борбата за титулата.
„Признавам дека имам информации за Ферари што се однесува на сериозно зголемување на моќноста на нивните мотори. Минатата година тие заостанаа далеку зад сите на патеката. Подготвени сме да се бориме со нив и со Мерцедес“ – заклучи Австриецот.
