Author: dino

Фудбалерот на Шалке, Шкодран Мустафи, верува дека екипата од Гелзенкирхен нема да испадне во Втората Бундес лига иако е на дното на табелата со само 9 бодови. „Мислам дека клубот има доволно потенцијал да ја поправи ситуацијата, секако, очајно ни требаат бодови. Се надевам дека ќе останеме во Бундес-лигата” – изјави Мустафи за веб-страницата на клубот. 28-годишниот играч пристигна во Шалке во јануари како позајмен од англискиот Арсенал. Неговиот нов состав од почетокот на сезоната има само една победа и вкупно 9 бодови на 22 меча.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, прв пат направи тренинг со топка по тешката повреда што го извади од терените подолг период. 29-годишниот стопер продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи на 17 октомври на натпреварот од 5-то коло во Премиер лигата против Евертон (2:2). Холанѓанецот денеска работеше прво во теретана а потоа и на тревнатиот терен. Искусниот дефанзивец во сезонава одигра 8 натпревари за Ливерпул и постигна 1 гол.

Read More

Младиот дефанзивец на Фиорентина, Никола Миленковиќ, се почесто се поврзува со трансфер во друг клуб. Договорот на 23-годишниот фудбалер ќе истече во текото на летото и тој нема намера да го продолжи. Токму тоа предизвика многу шпекулации за неговата фудбалска кариера. Во последните недели тој се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Борусија (Дортмунд). „Виолетовите“ досега одбија само една понуда за Миленковиќ која беше испратена од Вест Хем и тоа во висина од 25 милиони евра.

Read More

Манчестер Јунајтед остана без четворица клучни играчи за утрешниот реванш со шпанскиот Реал Сосиедад во 1/16 финалето од Лигата на Европа. Англичаните со едната нога се во наредната рунда бидејќи на првиот натпревар славеа како гости со убедливи 4:0. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солсјаер, потврди дека Пол Погба, Скот Мектоминеј, Дони ван де Бак и Единсон Кавани, се уште не се опоравиле од повредите и нема да играат на мечот на „Олд Трафорд“. „Сите ќе бидат отсутни. Никој од нив сè уште не тренира. Веројатно ќе играме со екипата што ја имавме на мечот со Њукасл во текот…

Read More

Состојбата на голманот на ракометниот тим Порто, Алфредо Кинтана, е крајно сериозна откако вчера на тренингот претрпе срцев и воедно мозочен удар. Тој се наоѓа во вештачка кома а неговиот колега, нашиот репрезентативец, Никола Митревски, испрати емотивна порака до него преку социјалните мрежи. „Кинтана брате, време е да ја направиш најзначајната одбрана во животот“ – напиша Митревски.

Read More

Британецот, Енди Мареј, не е изненаден што Новак Џоковиќ лесно ја освои деветтата титула на Австралија опен. Според него, помладите тенисери не се доближиле до „големата тројка“. „Очекував финалето да биде поконкурентно иако знам колку е добар Новак кога е мотивиран. Страшно е тоа што помладите момчиња не покажаа дека се доближуваат до првите тројца на светов “ – потенцираше Мареј. 33-годишниот Британец кој има три Грен слем титули, додаде дека не го гледал поголемиот дел од турнирот во Мелбурн бидејќи бил разочаран што не играл.

Read More

Напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Луис Суарез, откри како бил третиран во редовите на Барселона пред да замине во таборот на „јорганџиите“. „Тоа што навистина ме навреди беше кога ми кажаа дека сум стар и дека не сум можел повеќе да играм на високо ниво за да бидам во голем тим. Тоа ја прели чашата“ – открива Уригваецот. „Да немав ништо постигнато во клуб како Барса за едно 3 или 4 сезони, ќе разберев, но, секоја сезона постигнував повеќе од 20 голови. Секогаш имав добра статистика “ – потенцираше Суарез.

Read More

Легендата на германскиот фудбал,  Мирослав Клосе кој е помошник-тренер во Баерн Минхен а во дел од кариерата настапуваше и за Лацио, вели дека Роберт Левандовски е подобар играч и напаѓач од Чиро Имобиле. „Среќен сум што го гледам Лацио во ЛШ. Жал ми е што играчите мора да играат без публика. Не можам да си замислам ништо подобро од меч Лацио – Баерн пред полн стадион“ – вели фудбалерот кој има потекло од Полска. „Левандовски  го тренирам секој ден. Убиствен е со двете нозе, брз е, игра добро со глава. Имобиле исто така е многу добар, креира шанси, има добар…

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Симеоне Инзаги, за официјалниот веб-портал на „римските орли“, изјави, дека мечевите со Баерн Минхен во елиминацииите во Лигата на шампионите се кулминација на петгодишната работа. „Ќе се обидеме да го одиграме мирно натпреварот. Долго време знаевме дека конечно ќе ни дојде убава ноќ. Мислиме само на тој натпревар“ – вели Инзаги. „ Сакаме да го прикажеме најдоброто. Свесни сме дека тие се тим против кој е речиси невозможно да се игра, но, ние сме покажувале добри игри иако не сме биле фаворити“ – изјави Инзаги.

Read More

Тимот на Еурофарм Пелистер денеска официјално го промовираше најновото засилување – македонскиот репрезентативец, Цветан Кузманоски. –Ќе дадам сè од себе да се наметнам што подобро и да добијам поголема минутажа. Знаеме за каков клуб станува збор. Се вклопив одлично во екипата, сите добро ме прифатија а со некои се знаев и од порано. Мислам дека клубот е добро организиран и имаме добри услови за напредок како млади играчи“ – вели Кузманоски. Младиот играч ќе дебитира во наредниот период во натпреварите од СЕХА лигата, Лига Европа и Суперлигата.

Read More