Арсенал е последниот англиски фудбалски клуб кој ќе се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на РБ Лајпциг, Ибрахима Конате. Не е тајна дека за 21-годишниот Французин се заинтересирани Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Менаџерот на „топчиите“, Артета, проценил дека му треба стабилен играч во одбраната и дека Конате може лесно да се вклопи во тимот. Во исто време, тренерот на „црвенитe“, Јирген Клоп, сака да го ангажира црномурестиот фудбалер за да му биде партнер во одбраната на Вирџил ван Дајк.
Author: dino
Поранешниот фудбалер и легенда на Ливерпул, Мајкл Овен, има чудна терорија зошто Садио Мане пропушти можност барем да се обиде да изнуди пенал на дуелот со Челзи иако имаше таква можност. Поранешниот напаѓач на „црвените“ верува дека Мане намерно не изнудува пенали затоа што нив би ги изведувал, Мо Салах. „Не ми се верува дека не падна при тој старт. Имаше контакт, но, нешто слично направи и пред една недела против Шефилд Јунајтед. Мане мисли дека ќе има шанса да постигне погодок си вели „Ќе се обидам да постигнам погодок, ако не останам на нозе, Мо Салах можеби ќе добие…
Денеска започна со изградба новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип која ќе ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпревари, потврдија од Фудбалската федерација на Македонија. Претседателот на ФФM, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов, првиот човек на ОФС Штип, Димитар Џонов и спортски претставници го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми. „Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот. Подобрувањето…
Италијанскиот фудбалски состав Лацио на крајот на сезоната најверојатно ќе го врати Андреас Переира во Манчестер Јунајтед бидејќи не може да ги исполни финансиските побарувања на Британците. Бразилецот игра на позајмица кај „римските орли“, кои имаат можност да купат на крајот од сезоната. 25-годишниот фудбалер одлично се вклопи на „Олимпико“ и клубот е подготвен да го задржи, но, проблемот се парите. Манчестер Јунајтед бара 25 милиони евра што е многу пари за Лацио со огледа на тешките услови наметнати од пандемијата.
Англискиот фудбалски состав, Тотенхем, е заинтерсиран за крилото на Реал Мадрид, Лукас Васкез, тврди – „Дејли Стар“. Договорот на Шпанецот ќе му истече на крајот на сезоната и тој нема намера да го продолжи по цели 11 години поминати на – „Сантијаго Бернабе“. Реал му понуди нова соработка на 29-годишиот играч кој сепак останува на ставот дека ќе бара нов предизвик во кариерата. Васкез има одиграно 230 натпревари за Реал Мадрид. Тој два пати ја освои Ла Лига и три пати Лигата на шампионите.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, нема да го пушти Бруно Фернандеш да настапи за селекцијата на Португалија која се наоѓа на црвената листа на Англија и сите што доаѓаат од таа земја ќе мора да поминат 10 дена во карантин. „Не сме седнале и да донесеме конечна одлука. Ние ги плаќаме фудбалерите и колку што знам, имаме дозвола од ФИФА да ги задржиме“ – вели Солскјер. Доколку Фернандеш игра за Португалија, тогаш ќе мора да ги пропушти мечевите против Брајтон на 3. април и дербито со Тотенхем на 10. април.
Фудбалскиот состав Бетис внимателно ја следи ситуацијата со дефанзивецот на Барселона, Оскар Мингеса, кој има договор до крајот на сезоната. Клубот е задоволен од младиот играч и му понуди нов договор до 2023 година, но, играчот се двоуми дали да потпише. Тој сака да види кој ќе биде нов претседател на екипата од „Камп Ноу“ и дури потоа да ги открие неговите планови. Во исто време, луѓето од Бетис контактирале со неговит агент задолжен за транфери за да видат дали имаат шанси да го купат. Тие процениле дека Мингеса може да биде одлично засилување за екипата.
Луѓето од Ливерпул се заинтересирани за дефанзивецот на Олимпик, Марсеј, Бубакар Камара, објавија денеска дел од англиските медиуми. 21-годишниот фудбалер потекнува школата на францускиот состав и досега има одиграно 100 натпревари и постигнато 3 гола. Камара може да игра во центарот на одбраната или како дефанзивен играч за врска. Тој би бил добра опција за „црвените“ како можна замена за Жоел Матип за кого се шпекулира дека ќе биде продаден во текот на летото.
Иако фудбалерот Ромелу Лукаку во 2019 година премина од Манчестер Јунајтед во Интер за сума од околу 75 милиони фунти, „нероаѕурите“ уште должат 2/3 од таа бројка или некаде околу 50 милиони, објави денеска – „Кориере дело Спорт“. Италијанското издание додава дека првичниот договор меѓу двата тима наложува сумата за напаѓачот да се плати во рок од две години, но, гигантот од Милано не го заддржа континуитетот на исплата поради финансиските проблеми поврзани со пандемијата со КОВИД-19. Англискиот тим, пак, се надева дека сите пари ќе ги добие до летниот трансфер период за да можат да ги искористи за купување…
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, откри дека клубот нема да ги пушти фудбалерите да настапат за нивните национални тимови доколку треба да бидат во карантин 10 дена по враќањето во Велика Британија. Тука спаѓаат бразилските државјани Алисон, Фабињо и Роберто Фирмино, како и португалскиот државјанин, Диого Јота. Имено, Бразил и Португалија се земјите што британската влада ги стави на црвената листа. „Мислам дека сите клубови од Премиер-лигата го имаат истот проблем. Не можеме да се согласиме да ги пуштиме момците и потоа кога ќе се вратат да бидат ставени во карантин. Ја разбирам потребата, но, мора да признаеме дека играчите…
