Фудбалската легенда на Милан, Филипо Инзаги, се потсети се на реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите во 2007 година меѓу неговиот тогашен состав и Манчестер Јунајтед. „Росонерите“ победија со 3: 0 и се пласираа во финалето во кое го совладаа Ливерпул со 2:1 и на тој начин им се одмаздија на „црвените “ за поразот кој го претрпеа две сезонио претходно. „Веднаш се сеќавам на три работи. Во автобусот – сите бевме многу фокусирани. За дождот – имаше неверојатно невреме во првиот дел. За навивачите – „Сан Сиро“ е секогаш посебен, но вечерта тој беше уште уникатен“ – рече…
Author: dino
Раководството на Евертон ќе ангажира обезбедување за фудбалерите откако се случи напад врз голманот Робин Олсен, пренесува –„Daily Mail“. К лубот откако им понуди лична заштита на сите играчи, организираше предавање за тоа како да се однесуваат фудбалерите во случај на судир со вооружени криминалци. Изворот додаде дека клубот ги предупредил колегите од Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, чии многу играчи живеат во близина за можната опасност. Ќе потсетиме дека вчера непознати лица упаднале во куќата на шведскиот фудбалер во која се наоѓале неговата сопруга и двете деца и започнале да им се закануваат со нож и мачета. Како…
Сите клубови во Премиер лигата ќе имаат можност да предложат новитети за подобрувања на системот со видео-помошник судија (ВАР). Медиумите пренесуваат дека деновиве ќе бидат испратени покани до тимовите за да дадат идеи за подобро искористување на технологијата. Од почетокот на сезоната, англиската елита е во хаос околу употребата на ВАР пред се поради правилата кои постојано се менуваат и прават забуна. Затоа сега менаџерите, спортските директори и капитените на клубовите, ќе можат да ги испраќаат предлозите во писмена форма а крајниот рок е до 19 март (петок). Тогаш сите идеи ќе бидат дискутирани на посебен состанок и ќе се…
Екипата на Мерцедес му даде рок од два месеца на Луис Хамилтон да одговори дали ќе остане во тимот и по крајот на годинашнава сезона. Германците кон крајот на мај сакаат да знае дали освојувачот на 7 титули во Формула 1 ќе биде на нивниот список и за шампионатот во 2022 година. Тоа го потврди и шефот Тото Волф кој е воедно и акционер во Мерцедес. Доколку Хамилтон не се согласи да ја продолжи соработката, тогаш како негов наследник се наметнува Џорџ Расел.
Поради строгите Ковид-протоколи во Израел кои се активни до 20. март, БИБЛ мораше да направи неколку промени во распоредот за натпреварите на Хапоел Гилбоа Галил и Хапоел Холон. Тоа значи дека за средбите на израелските екипи во „светата земја“ се одредени нови термини и затоа ќе дојде до корекција на првичниот распоред. Сега со новото наметнато темпо, Хапоел Холон кој денеска ќе гостува кај Куманово ќе треба да одигра четири меча во рок од само две недели.
Весникот –„Тајмс“ објави дека челниците на Манчестер Сити му понудиле нов договор со многу подобри финансиски услови на фудбалерот од средниот ред Кевин де Бруин кој се уште размислува дали да остане во клубот. Иако висината на платата не се наведува, медиумот прогонозира дека двете страни може да најдат заеднички јазик пред крајот на сезоната. Актуелниот договор на Белгиецот трае до летото во 2023 година. Тој сега добива околу 310 илјади фунти (362 илјади евра) неделно, земајќи ги в предвид и бонусите. Кевин кој игра за англсикиот клуб од 2015 година во тековнава сезона има 22 меча во Премиер лига…
Манчестер Сити ќе се сретне со Борусија (Менхенгладбах) на неутрален терен на Арената Пушкаш во Будимпешта во реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони, официјално објави денеска УЕФА. Тоа е морално откако германските власти продолжија со ограничувањата на летовите што доаѓаат од територијата на Велика Британија поради пандемијата со КОВИД-19. Германците откако го загубија со 2:0 првиот натпревар на домашен терен на стадионот – „Борусија парк“, сега ќе мора да одат на победа на реваншот кој ќе биде одигран во вторник на 16 мар од 21:00 часот.
Фудбалерите на Севилја не успеаа да излезат како победници во двомечот со Борусија Дортмунд во 1 / 8 финалето во Лигата на шампионите откако вчера на реваншот одиграа 2:2 и со вкупни 5-4 беа елиминирани. Тренерот на Шпанците, Жулен Лопетеги, видно разочаран што неговите избраници не останаа во елитата на Европа, вели дека неговиот тим заслужи да оди во наредната рунда. „Можевме да поминеме понатаму, го заслуживме тоа. Екипата напаѓаше одлично и играше со срце. Бевме подобри од Борусија во три полувремиња од четири“ – рече Лопетеги.
Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Симе Симовски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Светско Првенство 2021 Шпанија. Ракомнетарките се е дел од групата 2 заедно со репрезентациите на Грција, Исланд и Литванија. Натпреварите од групата ќе се одиграат во период од 19-21.03.2021 година. Еве го распоредот: 19.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Исланд, 20.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Литванија, 21.03.2021 (17:45 часот) Македонија – Грција
Денеска продолжува Лигата на фудбалските шампиони. Од 21.00 часот во Торино, Јувентус ќе го пречека Порто. Гостите на хартија имаат предност од 2-1 што значи дека „старата дама“ ќе мора да оди на победа за да продолжи во 1 / 4 финалната фаза. Што вели статистиката? Јуве и Порто имаат одиграно 5 средби. Италијанците имаат 3 победи, еден меч завршил нерешено додека на една средба се радуваа Португалците. Гол разликата е 7-3 за „старата дама“. Италијанците имаат две титули во Лигата на шампионите. Тоа се случи во сезоните 1984–85 и 1995–96. Составот од португалскиот дел на Пиринеите исто така има два…
