Author: dino

Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред утрешниот реванш со Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, потенцира дека нема поставено за цел да освои четири трофеи во една сезона. „Четири титули никогаш не освоил англиски тим во една сезона и мислам дека тоа нема да се случи ниту сега со оглед на глобалната ситуација“ – рече Гвардиола. Ќе потсетиме дека Манчестер Јунајтед е единствениот англиски состав што има три пехари во една сезона и тоа од Премиер, од Лигата на шампионите и од ФА Купот.

Read More

Весникот –„телеграф“ откри дека челниците на фудбалскиот состав Ливерпул ќе треба во текот на летото да му исплатат околу 12 милиони фунти на Вулверхемптон како дел од вкупната сума од 45 милиони која беше договорена за трансферот на Диого Жота. Екипата од „Енфилд“ која во изминатиот септември го ангажираше Португалецот досега платила само 5 милиони за неговиот потпис. Според најавите, другиот дел од сумата ќе треба во неколку рати да им се исплати на популарните „волци“.

Read More

УЕФА на 20 април ќе реши дали ќе доволи присуство на навивачите на Европското фудбалско првенство, објави денеска претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за – „Дејли рекорд“. „Одредивме рок до 20 април за конечна одлука за присуство на гледачите на Европското првенство. Идеално сценарио е да се одржи турнирот на 12 стадиони, но, ако тоа не е можно, тогаш турнирот ќе се одржи во 10 или 11 земји“ – рече Чеферин. Според програмата домаќини на Континеталниот собит треба да бидат: – Санкт Петербург, Лондон, Минхен , Баку, Рим, Букурешт, Даблин, Копенхаген, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Амстердам.

Read More

Оле Гунар Солскјер кој  за една година ќе го одработи договорот со фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе добие понуда да остане подолго на клупата на „црвените ѓаволи“, најавија дел од медиумите во Англија. Според весникот – „Мирор, Норвежанецот со новиот договор ќе заработува 9 милиони евра по сезона со што е за два милиона повеќе од неговите сегашни примања. Во исто време потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, не крие дека е презадоволен од работата на Солскјер иако тимот под неговата диригентска палка нема освоено трофеј

Read More

Главните стопери во екипата на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез, кои се во процес на рехабилитација, можат да го пропуштат Европското фудбалско првенство кое ќе биде во текот на летото, најави нивниот тренер Јирген Клоп. „Џо не трча, Вирџил почна но, тешко. Не е моја одлука дали ќе учествуваат на Европското првенство. Да бидам искрен, малку е веројатно дека ќе бидат таму поради повредите“ – вели Клоп. Ќе потсетиме дека Континенталниот фудбалски собир ќе биде реализиран од  11 јуни до 11 јули.

Read More

Кирил Лазаров во улога селектор-играч и неговиот помошник, Филип Миркуловски, кои беа активни на теренот на првата средба со Данска во Скопје, денеска  на вториот меч против Скандинавците ќе останат на клупата. Лазаров и Миркуловски не се ставени на списокот за мечот во Алборг што значи дека ќе се насочат само кон тренерските должности. Средбата меѓу Данска и Македонија ќе започне во 16.00 часот. На табелата,  Mакедонија е лидер со максимални три победи и обезбеден пласман на ЕП, Данците се втори со 4 бодови, Швајцарија има 2 а Финска е последна без бод.

Read More

Емил Павлов освои бронзен медал на К1 Премиер лигата во Истанбул, Турција откако го совлада казакстанецот Каисар Албисбаир со 4:1. Претходно на патот до меч за бронзата, завчера Емил ги победи Аминага Гулијев од Азербејџан со 3:0,Афеф Гаит од Јордан со 3:2 а со победата против Матиас Гарсиа Гомез од Шпанија со резултат од 8:3 се пласираше во полуфиналето, каде што беше поразен од азербејџанецот Фирдовси Ферзалиев .Од нашите спортисти, пласман на 7 место во категорија- 75 км постигна Доан Османи, а Берат Јакупи вокатегорија – 84 кг оствари три победи и пораз, но немаше репасаж. Во истата категорија Виктор…

Read More

Денеска на Изборното собрание Муамед Сејдини едногласно беше изгласан за претседател на ФФМ со што доби мандат до 2025 година. „Сега сме на Европско првенство, федерацијата и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти во историјата, но и иова за некое не е успех во нивните очи. За мене, за УО на федерацијата, а верувам и за вас, ова се моменти на гордост и ислава. За неколку месеци за прв пат во нашата историја македонската A репрезентација ќе настапи на Европско првенство“  – потенцираше меѓу другото Сејдини. Дел од општинските сојузи како што најавија претходно го бојкотираа собранието.

Read More

Кире Лазаров како капитен-селектор се израдува на првата победа на нашата најдобра ракометна репрезентација и тоа против актуелниот светски шампион Данска со 33:29. Македонските ракометари во СЦ Борис Трајковски тотално го надиграа скандинавскиот состав  и практично од првата до последната минута имаа контрола на играта и резултатот. Во историската победа против Данска се издвоија Манасов, Талески и Кузмановски со по 5 голови пред Лазаров и Стоилов со по 4 погодоци.  Голманот Митревски мечот го заврши со 13 одбрани. Во нашата квалификациска група Македонија е лидер со 6 бодови, Данска има 4, Швајцарија 2 а Финска 0. Наредниот меч ќе го…

Read More

Пини Захави кој му е менаџер задолжен за трансфери на фудбалерот, Давид Алаба, веднаш ги демантираше извештаите дека е постигнат договор со челниците на Барселона. Вчера „Мундо Депортиво“ напиша дека дефанзивецот на Баерн (Минхен) се договорил со шпанскиот клуб и во текот на летото ќе се пресели на „Камп Ноу“.  -Тоа не е точно“, изјави Захави за – „Goal.com“. Познато е дека 28-годишниот играч одби да го продолжи договорот со Баварците и затоа ќе си замине како слободен агент. Според шпанските медиуми, новиот претседател на Барса, Хуан Лапорта имал состанок со Захави на кој ветил дека набрзо ќе даде конкретна…

Read More