Фудбалскиот состав Фиорентина му го честиташе 30-от роденден на напаѓачот, Александар Кокори. „Среќен роденден, Кокорин. Нека ти се остварат желбите – напишаа „виолетовите“ на нивниот профил на – „Твитер “. Познато е дека рускиот напаѓач тренира индивидуално и дека поради повреда ќе мора да го пропушти неделниот меч со Милан во Серија „А“. Кокорин стана играч на Фиорентина на 27 јануари откако се пресели од Спартак Москва. Договорот на рускиот фудбалер со италијанскиот клуб е валиден до 2024 година.
Author: dino
Голманот на фудбалскиот состав Евертон, Џордан Пикфорд, е повреден и ќе мора да паузира извесен период потврдија популарните „карамели“ на официјалната веб- страница на клубот. На натпреварот од Премиер лигата против Барнли, 27-годишниот голман беше заменет во првото полувреме откако се здоби со повреда на стомакот и затоа ќе мора да паузира до крајот на месецов. Во сезоната 2020/21, Пикфорд забележа 25 настапи за Евертон и прими 32 гола. Пикфорд дебитираше како репрезентативец на Англија во 2017 година
Иван Тричковски, фудбалерот на АЕК Ларнака, нема да биде дел од нашата репрезентација на мартовските квалификациски мечеви за Мундијалот откако заработил потешка повреда на мускулот на дуелот со Омонија. Тоа значи дека селекторот, Игор Ангеловски, се соочува со нов проблем откако беше објавено дека Влатко Стојановски не може да допатува бидејќи Франција им забрани на фудбалерите од Лига 1 и Лига 2 да патуваат во земјите надвор од ЕУ а Ѓоко Зајков е позитивен на Ковид-19. Според распоредот, со Романија ќе играме на 25, Лихтенштајн ќе го пречекаме на 28 додека кај Германија ќе гостуваме на 31 март.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, по пат на социјалните мрежи објави дека сака да биде дел од репрезентација на Шведска за новиот квалификациски циклус за Мундијалот во Катар. „Сакам да ме повикаат во националниот тим. Не за моите достигнувања во минатото, туку за тоа што сега можам да го дадам на тимот. Јас не сум тоа што бев пред 5, 10, 15 или 20 години. Сега имам друг стил на игра“ – вели Ибрахимовиќ. Корпулентниот напаѓач има 116 средби за „Викинзите“ и постигнато 62 гола. Швеѓаните ќе играат со Грузија (25 март), Косово (28 март) а ќе играат пријателски натпревар…
Голманот на фудбалскиот состав Астон Вила, Емилијано Мартинез може да биде замена за Давид Де Геа на голот на Манчестер Јунајтед доколку искусниот чувар на мрежата се одлучи да ја промени средината како што најавија дел од медиумите. Бидејќи според најавите и Серхио Ромеро сигурно ќе си замине, „црвените ѓаволи“ ќе мораат да обезбедат уште еден голман. Изборот паднал на Аргентинецот кој во тековнава сезона во дресот на Астон Вила не прими гол на 14 мечеви од вкупно 27 реализирани во Премиер-лигата.
Поранешниот фудбалер, Џо Кол, имаше пофални зборови за екипата на Челзи која под водство на Томас Тухел забележува серија на одлични резултати и го продолжува патот и кон победничкиот пехар во Лигата на шампионите. „Мислам дека одлично функционира средниот ред. Таму се забележува дека има соработка меѓу сите фудбалери“ – вели Кол. „Веројатно на Тухел му успеа да ги пронајде вистинските позиции на сите во тимот и да ги мотивира. Мислам дека Челзи има навистина одлична игра“ – потенцираше Кол.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг проговори за тоа како реагирал на одлуката на главниот тренер, Микел Артета, да го избрише од списокот за мечот од Премиер лигата против екипата на Тотенхем. „Што се однесува до мојата ситуација, разговарав со шефот и продолживме понатаму“ – вели црномурестиот напаѓач. „Фокусиран сум на наредниот натпревар. Верувам дека набрзо ќе започнам да постигнувам голови. Имаме повеќе играчи што можат да бидат опасни пред противничкиот гол“ – потенцираше Обамејанг.
Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, по вчерашната сензационална елиминација од Динамо Загреб во Лигата на Европа, вели дека не е изненаден од играта на домаќините. „Им кажав на моите играчи на полувремето да не се опуштаат ако е 0:0.Динамо беше мотивиран и имаше голема желба за победа, сакаа да докажат дека имаат талент да се надигруваат со најдобрите“ – вели Португалецот. „Им ги дадов на играчите сите информации за Орсиќ, но, ете се случи тоа што сите го видовте. Честитки до него на одличната вечер“ – изјави Мурињо.
Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите, Баерн Минхен, денеска треба да стави печат на пласманот во 1 /4 финалето во елитната конкуренција на Европа. Германците кои од 21.00 часот ќе го пречекаат Лацио со едната нога се меѓу најдобрите осум бидејќи на првиот меч во Рим славеа убедливо со 4:1. Тогаш Баерн ги искористи грешките во одбраната на „орлите“ и практично по само 90 минути си ја заврши работата. Со оглед на квалитетите на двата тима и предноста на Баварците, денешниот реванш на „Алијанц Арена“ во Минхен треба да има само формален карактер. Според најавите, за Баерн Минхен треба…
Фудбалерите на Челзи и на Атлетико Мадрид ќе играат вечер од 21.00 часот на „Стемфорд Бриџ“ во реваншот од 1/8-финалето во Лигата на шампионите. Првиот меч кој се одигра на неутрален терен во Букурешт, заврши со минимална победа на англичаните со единствениот гол на Оливие Жиру. Токму тој гол им дава предност на лондончани, но, тоа не мора ништо да знaчи со оглед на искуството на Шпанците. Тренерот на гостите Диего Симеоне нема проблеми со казнети и повредени играчи додека неговиот колега од спротивната страна, Томас Тухел, ќе ги нема на располагање казнетите Жоржињо и Тами Абрахам како и повредените…
