Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, ги нарече неговите фанови низ светот – „муринисти“. Според Португалецот, тие луѓе го сакаат а тој го знае тоа и затоа од нив црпи инспирација. „Јас црпам сила од себе, но, пред се и од луѓето што ги сакам и кои ги познавам, тие ме сакаат, иако не познавам многумина и никогаш не сум ги сретнал. Јас ги нарекував „муринисти“ затоа што во Португалија се користи додатокот на името на клубот за да ги означи неговите навивачи“ – вели Мурињо. „ Ако сте од Порто, навивачите се портисти, ако сте за Мурињо, вие…
Author: dino
Нашите најдобри фудбалери денеска против домаќинот Романија ќе го отворат новиот циклус квалификации за пласман на Светското првенство во Катар во 2022 година. Селекторот Ангеловски за денешниот дуел остана без повредените Адеми, Тричковски и Велковски додека Костадинов и Зајков се позитивни на Ковид 19. Се претпоставува дека за домаќинот ќе започнат: Нику, Могош, Кирикеш, Бурча, Камора, Марин, Станчу, Ман, Хаџи, Михаила и Пушкаш. За Македонија треба да истрчаат од првата минута: Димитриевски, Бејтулаи, Муслиу, Ристевски, Барди, Алиоски, Ристовски, Николов, Елмас, Несторовски и Пандев. Средбата во Букурешт ќе започне во 20.45 часот. Во нашата група денеска ќе играат Германија-Исланд и Лихтенштајн-Ерменија.
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не се откажува од намерата да го ангажира напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Андре Силва кој е трансферна цел на уште неколку клубови од Европа. Шпанскиот тим сакаше во јануари да го купи Португалецот, но, Германците ги одбија сите понуди. Се претпоставува дека „јорганџиите“ во текот на летото ќе понудат 30 милиони за да го добијат потписот на Силва кој има одлична сезона. Голгетерот на Ајнтрахт на 26 средби постигна 27 голови и направи 7 асистенции.
Англиските медиуми објавија дека луѓето од Ливерпул сериозно размислуваат да го купат напаѓачот на фудбалскиот состав Атлетико Мадрид, Луис Суарес, кој успешно настапуваше за „црвените“ во периодот од 2011 до 2014 година. Наводно, тоа ќе се случи доколку првата ѕвезда на тимот, Мохамед Салах, се одлучи да ја промени средината за што постојат одредени шпекулации. Ќе потсетиме дека Уругваецот додека го носеше дресот на тимот од – „Енфилд“ одигра 133 натпревари на кои постигна 87 голови и направи 47 асистенции.
Напаѓачот на фудбалскиот состав Јувентус и на шпанската репрезентација, Алваро Мората, зборуваше колку можат да бидат опасни депресијата и другите психички заболувања кај спортистите. „Не бев во депресија и се надевам дека никогаш нема да паднам, но, јас бев многу близу до таква состојба. Мислам дека не и посветуваме доволно внимание“ – вели Мората. „Кога главата не работи правилно, самите сте си непријател. Депресијата е како фрактура на глуждот. Како што работиме на нашето тело, така мора да се грижиме и за нашата психа“ – потенцираше Мората.
Штафетата со огнот како почетна станица ја имаше префектурата Фукушима на стадионот кој во минатото бил воена база. Факелот за 121 ден ќе помине низ сите 47 префектури на Јапонија по што ќе биде донесен на стадионот во Токио на денот на отворањето на Олимписките игри – 23 јули. Во неговото носење ќе учествуваат околу 10 илјади луѓе. Олимпијата требаше да се одржат во изминатата година, но, поради пандемијата со Ковид-19 беше презакажана за претстојното лето од 23 јули до 8 август.
Селекторот на фудбалерите на Хрватска, Златко Далиќ, потенцира дека неговите избраници одиграле слаб меч и дека заслужено се совладани на гостувањето во Словенија на стартот на квалифкациите за пласман на Мундијалот во Катар. „По примениот гол не бевме на нивото на кое требаше да бидеме. Денеска не заслуживме ништо повеќе освен пораз. Словенија беше одлична“ – потенцираше кормиларот на „коцкестите“. Мечот одигран во Љубљана беше решен со голот на Ловрич во 15 минута. Хрватска во 2 коло на 27 март ќе му биде домаќин на Кипар.
Еден од најголемите италијански фудбалски таленти, Даниел Гуерини, трагично го загуби животот во сообраќајка која се случила во Рим. Младинскиот репрезентативец на „аѕурите“ бил во возило кое се судрило со Мерцедес. Заедно со играчот на Лацио имало уште две лица кои веднаш потоа се хоспитализирани. Гуерини пред два месеци го напушти Торино се и се активираше во редовите на „лацијалите“.
Резервниот голман на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Ли Грант, иако има 38 години сè уште не планира да се пензионира. Тој во последното интервју за –„ TalkSport“ ги истакна своите намери за наредната сезона. Иако неговиот договор истекува во јуни, Грант вели дека сака да го продолжи престојот на стадионот – „Олд Трафорд“ барем за уште една сезона. „Доколку Манчестер Јунајтед би сакал да ме има уште една година, тоа би бил прекрасно за мене. Секако уживам во моето време во клубот, знам дека сите се задоволни од мојата работа“ – вели голманот на „црвените ѓаволи“.
Атлетската федерација на Кенија соопшти дека ги одложува квалификациите за Светското првенство за штафети кое треба да се реализира на 1 и 2 мај во Полска. Во специјалната објава не се прецизира причината за одложување на квалификациите кои требаше да се реализираат во текот на викендот на стадионот Нијајо во Најроби. На истите требаше да учествуваат и атлетичари од Боцвана, Јужна Африка, Нигерија, Етиопија, Уганда и Танзанија се со цел да им се овозможи на поголем број земји да ги исполнат нормите за учество на Светското првенство во Полска.
