Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, нагласи дека не смее да се потцени селекцијата на Лихтенштајн која утре од 20.45 часот ќе гостува во Скопје во рамките на 2 коло во квалификациите за Мундијалот. „ Значајно ќе биде да победиме, Лихтенштајн е добра репрезентација, затоа ќе мора да ги реализираме задачи и да одиграме на ниво“ –вели Барди. „Атмосферата во репрезентацијата е добра. Со нетрпение чекавме да се вратиме тука и да се соочиме со наредниот противник“ – изјави нашиот репрезентативец на денешната средба со новинарите.
Author: dino
Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Игор Ангеловски, очекува полн погодок на утрешниот меч со Лихтенштајн во рамките на 2 коло во квалификациите за Светското првенство во Катар. „Ние ќе бидеме фаворити, Таква улога сме имале и претходно и треба да ја потврдиме. Можеме да победиме. Лихтенштајн има подмладен состав во однос на 2018. Сега се ќе зависи од нашата игра, добро ги анализиравме“ – потенцираше Ангеловски пред утрешниот меч од 20.45 часот на Арената во Скопје. Во претходните 9 средби со Лихтенштајн имаме постигнато 33 голови а примено 5. Против нив ја имаме рекордната победа 11-1.
Поранешниот тренер на фудбалерите на Челзи, Наполи и Јувентус, Маурусио Сари може да седне на кормилото на турскиот гигант, Фенербахче, објавија дел од медиумите. Екипата од Истанбул неодамна му врачи отказ на Ерол Булут и како времено решение го ангажираше легендарниот, Емре Белозоглу, кој паралелно ја извршува и функцијата спортски директор. Според турските медиуми, 62-годишниот стратег ги започнал преговорите со раководството на Фенербахче иако има одредени шпакулации дека може да се врати во Серија „А“.
Првиот човек на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, најави дека ќе одвои околу 200 милиони фунти за засилувања во текот на летниот трансфер период. Најголем дел од сумата ќе биде потрошена за засилување на нападот а во опција се неколку имиња. „Сините“ од Лондон сериозно се загреани да го купат младиот Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд а во комбинација влегува и белгискиот репрезентативец, Ромелу Лукаку. Весникот – „Телеграф“ наведува дека Норвежанецот и црномурестиот напаѓач на Интер кои имаат одлични партии во тековната сезона, сигурно ќе добијат понуда да се преселат на „Стемфорд Бриџ“ во текот на летото.
Европската фудбалска асоцијација ќе дозволи околу 9.000 фанови на фудбалот да бидат присутни на големото финале во Лигата на шампионите закажано за 29 мај во турскиот град Истанбул. Планирано е да се продаваат така наречени – „паметни влезници“ преку мобилните телефони. Конечната одлука за присуство на навивачите ќе биде донесена по состанокот со турската влада. Финалето од Лигата на шампионите ќе се одигра на стадионот – „Ататурк“ кој има капацитет од 75.415 гледачи. УЕФА најави дека финалистите ќе добијат одредена бројка на влезници за нивните фанови.
Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала повторно ќе ја одбие можноста да го напушти клубот во текот на летото како што се случи во 2019 година, пишува денеска – „Газета Дело Спорт“. Тогаш „старата дама“ постигна договор со Манчестер Јунајтед за размена на Аргентинецот и Ромелу Лукаку, но, фудбалерот на Јуве не се согласи по што Белгиецот се пресели во Интер. Денеска медиумот пишува дека Дибала не сака да го обнови договорот кој му истекува во во 2022 година додека не добие подобра финансиска понуда. Се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани Челзи и Арсенал.
Резервниот голман на фудбалскиот состав Баерн Минхен, Александар Нојбел, сака да замине на позајмица во друга средина за да може да добие поголема минутажа, објави неговиот агент задолжен за трансфери. 24-годишниот голман кој во изминатата година пристигна од Шалке 04 и потпиша договор до 2025 –та има одиграно само три меча за Баварците. „Алекс сака да игра. Втора година по ред добива мала минутажа и затоа не може да напредува. Тој е млад и треба да се развива. Затоа ќе бараме опции да оди во друг клуб“ – изјави Стефан Бакс кој му е агент задолжен за трансфери на младиот…
Члениците Манчестер Јунајтед ќе му понудат на Атлетико Мадрид големи 80 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Маркос Лоренте, тврди денеска весникот -„АС“. Сумата е навистина висока споредено со кризата што ја предизвика пандемијата со Коивид-19 и може да ги натера луѓето од Шпанија да ја прифатат. Изданието наведува дека самиот играч не сака да го напушти Атлетико затоа што се чувствува среќен во клубот. Фудбалерот на „јорганџиите“ во тековнава сезона има 10 погодоци и 9 асистенции. Тој лично доби понуда од англичаните да заработува двојно повеќе од тоа што го добива на – „Ванда Метрополитано“.
Хрватски фудбалски работник, Дамир Варбановиќ, кој е осуден на затворска казна бидејќи бил дел од корупциска шема при трансферот на Лука Модриќ, е отстранет од комитетот надлежен за организирање на Евро 2020, објави денеска УЕФА. Варбановиќ кој е поранешен шеф на хрватскиот клуб Динамо (Загреб), во 2019 година беше назначен во комитетот како одговорен за националните турнири. Во исто време, УЕФА го отстрани од комитетот и првиот човек на српскиот фудбал, Славиша Кокеза, кој неодамна беше осомничен дека е поврзан со разни навивачки групи кои се вклучени во организиран криминал.
Фудбалската селекција на Белгија ќе замине без седум стандардни репрезентативци на мечот со Чешка во квалификацииите за Светското првенство. Пет од нив играат во германскиот шампионат и нема да патуваат поради ограничувањата околу Ковид -19. Имено, сите што живеат во Германија можат да патуваат во Чешка само откако по нивното враќање ќе се подложат на 14-дневен карантин. Петте играчи кои играат во Германија и нема да бидат на располагање селекторот се Дедрик Бојата (Херта Берлин), Кун Кастелс (Волфсбург), Торган Азар (Борусија Дортмунд), Орел Мангала (Штутгарт) и Тома Муние (Борусија Дортмунд). Покрај нив, селекторот Роберто Мартинез ќе ги нема и повредените:…
